Традиционално секоја година во Македонија се организира манифестацијата „Недела на енергетика – Македонија“. Настаните се организирани од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, канцеларијата на ГИЗ во Македонија, меѓународниот проект „ЕУбилд Енергетска Ефикасност“ и МОМЕЕ – Македонската општинска мрежа за енергетска ефикасност. Конференцијата е учесник во меѓународната програма на Европската комисија „Одржлива Енергија Европа“ (https://www.eusew.eu/energy-days-europe).
Покровители на настанот се Град Скопје, Министерство за економија и ЕВН Македонија, а медиумски е поддржан од КАПИТАЛ.
Конференцијата предвиденa во рамките на манифестацијата „Недела на енергетика Македонија 2012“, ќе се одржи на 30 ноември 2012 г во Свечената сала на Град Скопје и е насловена „Финансирање на енергетска ефикасност и обновлива енергија: Ретроспектива и развојни препораки“.