Градењето на куќа е голем зафат кој бара голема ангажираност и доста планирање доколку сакаме да биде сè како што треба. Еден од аспектите на кој ретко се обрнува внимание при изградбата на нов дом е неговата енергетска ефикасност. Честопати или луѓето се преокупирани со други аспекти на градбата, или не знаат што да направат за да имаат енергетски ефикасен дом или пак знаат ама како и многупати финансииите се проблем. Сепак, поголемиот дел од решенијата за кои ќе прочитате во овој напис се речиси на исто рамниште со другите не толку ефикасни решенија и таа мала разлика во цената се исплаќа во заштеда уште во првите две години; после тоа цела заштеда останува за нас.
Што се однесува до финансиите поголемиот дел од обичните граѓани градат со помош на кредити. Доколку се решите за еден ваков енергетски ефикасен дом тогаш има кредити кои покриваат такви проекти со мошне помали каматни стапки. Со самото тоа што ќе добиете помала камата ќе заштедите солидна сума на пари со чија помош ќе ги исфинансирате овие енергетски ефикасни решенија. Аспетките на кои треба да се вимава при изградба на нов дом се:
– Изолација на домот
– Избор на соодветна дограма
– Избор на систем за греење
– Осветлувањето
– Обновливи извори на енергија
Изолацијата на домот. Можеби побитно и од кој вид на греење за кој би се одлучиле е изолацијата. Со добра изолација сметките за греење и ладење би се преполовиле буквално на половина. Има повеќе видови на изолација за која е пишувано доста на блогот така што имате доста информации на таа тема.
Дограмата е битен момент затоа што најголемите загуби на топлина се преку неа. Така е барем доколку се одлучите за дограма со низок степен на енергетска ефикасност. Ако сакате да дознаете повеќе на таа тема и за изборот на дограма има дополнителни инофрмации на следниот текст.
Прва работа на која треба да се обрне внимание при градбата е како планирате да се загрева домот. Велам прва затоа што за решението за греење за кое сакам да пишувам е битно да се почне пред да се изгради градбата, а не отпосле. Ова решение е најефикасно и најисплатливо за нови градби. Топлотната пумпа е моментално најефикасното нешто со што би се загревал вашиот дом. Буквално нема подобро решение од она со топлотна пумпа. Со топлотна пумпа може да сметате на заштеди до 66% во однос на греење со електрична енергија. Ова е најчист и најефикасен начин за загревање на домовите. До неодамна беше привилегија само на побогатите наши сограѓани, денес цените се прифатливи за добар дел од останатите. Што се однесува севкупно на исплатливост за греење, најмалку пари по година ќе потрошите со топлинска пумпа, потоа со дрва, пелети, гас, нафта.
Осветлувањето е исто битен момент со оглед дека добар дел од потрошувачката на електрична енергија отпаѓа на осветлувањето. Препораката тука е ЛЕД светилки. Не само што се многу поефикасни туку и траат доста подолго. Иако во моментот се нешто поскапи од класичните, тие се мошне подобри од нив од неколку аспекти. Подетално на следниот текст.
Обновливи извори. Најмалку што може секој да направи кој гради нова куќа е да вгради соларен панел на покривот на куќата. Многу е зборувано на оваа тема во минатото и повеќе од очигледни за заштедите кои се генерираат со соларните панели. Со оглед дека Македонија има сопствено производство на соларни системи, тие се доста поевтини во однос на минатото. Што се однесува до примена на други системи секогаш може да се вгради фотоволтаик на покривот или мала ветерница, но сето тоа е нешто поскапо споредено со соларните системи за топла вода, така што повратот на инвестицијата е нешто подолг.
One Comment
Атанасовск
Побарај на блогот имаме неколку поста за пасивни куќи и енергетски ефикасни домови. Инаку планирани се повеќе текста на темата во блиска иднина