Веќе години наназад дрвото се користи како главно средство за загревање на домаќинствата низ Македонија. Оваа година не е исклучок со оглед на цената на парното и електричната енергија кои континуирано растат. Просечното домаќинство во Македонија користи некој вид на камин или шпорет на тврдо гориво за затоплување. Денес на пазарот има разновидна понуда на шпорети и камини од разно производство, дизајн, големина, моќност, карактеристики и перфоманси кои се на располагање на сите заинтересирани. Одбирањето на соодветен камин или шпорет е веројатно само еден дел од тоа како да ефикасно да се искористат дрвата како гориво. За сите оние кои веќе имаат шпорет/камин следуваат неколку совети за тоа што би им помогнало порационално да ги користат дрвата:
– Складиштето со дрва мора да биде суво. Иако ова е нешто кое речиси секој го има во предвид ова е нешто кое сепак мора да биди нагласено кога станува збор за рационално и ефикасно искористување на дрвата како гориво за загревање на домаќинството. Складирањето на дрвата во визба е лоша идеја со оглед дека повеќето визби се влажни и има мал проток на воздух. По можност дрвата треба да бидат поставени на места каде што допира сонцето и каде што има доста проток на воздух – поветровито место.
– Лежиштето со дрва не треба никогаш да не биди преполно затоа што во спротивно тешко ќе согоруваат. Ефикасноста е доста подобра доколку лежиштето се ложи со помала количина на дрва.
– Чистење на вулите и проверка на споевите од шпоретот/каминот со вулите е уште нешто кое е препорачливо да се направи пред почетокот на грејната сезона. Покрај тоа битно е да се провери и делот на вулите каде што влегуваат во оџакот. Што подобри се тие врски помалку можност од појава на чад и помали губитоци на енергија.
– Оџакот немора да биди затнат за да повикате оџачар. Повикајте оџачар да го исчисти оџакот пред да почните да се употребува. Исчистен оџак значи многу за рационално искористување на дрвата. Парите потрошени за оџачар кој ќе го исчисти оџакот се ништо во споредба со зголемената ефикасност на оџакот.
– Во каминот/шпоретот треба да се избегнува користење на дрва кои се валкани, трули или биле хемиски третирани. Како последица на тоа можно е да дојди до загушување на огнот, формирање на наслаги на оџакот и вулите, па дури и до појава на токсични и канцерогени гасови во зависност од хемиската обработка на дрвото.
– Цепените дрва полесно и побрзо се сушат. Што помали цепаниците тоа поголеми површини во допир со водух и побрзо истите ќе се исушат. Така за побрз временски рок би се добил некој оптимален износ на вода во дрвото кој изнесува околу 20%.