Група на студенти кој што студираат на Природно – математички факултет и на Економски факултет во Ниш, со финансиска помош на компанијата „Philip Morris“креира систем на еколошко осветлување кое што троши 10 пати помалку електрична енергија за разлика од класичното улично осветлување.
Резултатот на овој проект е поставена во дворот, паркингот и во ходниците на Природно математичкиот факултет во Ниш. Групата ја сочинуваа студент на докторски студии Саша Ранчев, Драган Радивојевиќ, Ивана Веселиновиќ, Милан Милошевиќ, Зоран Томиќ и менторот професорот Миодраг Радовиќ.
„Искористивме евтини компоненти со послаби карактеристики но кој што ги модифициравме и со нивното прилагодување добивме систем кој што е ефикасен како и многу поскапи системи“, изјави Саша Ранчев на промоцијата на проектот.
Системот ја користи сончевата енергија и ЛЕД светилки со висок степен на ефикасност, со работен век од преку 50.000 часови. Максималната моќност на системот е иста како и на обична пегла која што ја користиме во нашите домаќинства. Системот е во целост автоматизиран и добро ја поднесува флуктуацијата на напонот.
Проектот е реализиран во рамките на проектот „Раздвижи се за иднината“, кој што е финансиски поддржан од страна на „Philip Morris“. Во минатите 10 години во рамките на истата програма се реализираа околу 80 проекти кој што подржаа локалната заедница.
Јелена Прерадовиќ Стевановиќ, менаџерот за односи со јавност во „Philip Morris“ изјави дека оваа компанија и во иднина ќе продолжи да ги подржува талентираните студенти.
Извор: Б92