About the author

Related Articles

4 Comments

  1. 1

    Горан

    Почитуван Г-н Стојковски,
    Со особено задоволство го прочитав Вашиот прилог за централата во Ресен , со еден мал коментар или сугестија , дека сте можеле да наведете дека изведувач на работите беше компанијата КМГ ЕОЛ КВАЗАР -Скопје . Се надевам дека ова ќе биде најдобронамерно прифатено од Ваша страна,
    Со почит,
    Горан Паунов
    КМГ ЕОЛ КВАЗАР

    1. 1.1

      Предраг Стојковски

      Почитуван господин Горан,
      Драго ми е да покрај другите проекти во Македонија што слушнав дека Вашата компанија ги има реализирано, го реализира и овој. Инаку голема заслуга за текстот иди кон господин Никола Трајковски, кој што ми ги достави информациите во врска со сончевата централа. Срдечен поздрав и Ви посакувам уште многу реализирани проекти.
      Со почит,
      Предраг Стојковкси

  2. 2

    Даниел

    Здраво Предраг,

    Од неодамна го најдов блогот за Енергетска Ефикасност и сум многу позитивно изненаден, дозволете да ви честитам за одлчната работа, со надеж дека така и ќе продолжите.

    Во контекст на текстот погоре би сакал да ве прашам дали имате информација колку чини струјата произведена од сончева централа (ако се земе во предвид вредноста на компонентите и нивно инсталирање и поврзување со мрежата на ЕВН) споредено со моменталната цена на струјата?

    Исто сум изненаден од можноста за поврзување на централата со ЕВН; пребарувајќи по интернет наидов на коменатри дека тоа за сега не е можно и.е ЕВН не дозволува поврзување на извори на енергија на правни и физички лица со дистрибутивната мрежа?

    Моето второ прашање е за сончевите колектори – (извинете ако сум надвор од контекстот на текстот погоре) на пазарот има голем број на модели и дистрибутери, дали би можеле да ни дадете совет или доколку имате вие искуство да не насочите да направиме добар избор?

    Како што можам да забележам блогот има многу информации па можно е некои од моиве прашања да се веќе одговорени…

    Ви Благодарам
    Даниел

    1. 2.1

      Предраг Стојковски

      Здраво Даниел,

      Навистина го ценам твојот позитивен коментар, драго ми е што голем број на читатели ја ценат работата што ја правиме со овој портал.

      Што се однесува до твоите прашања:

      Не сум запознат со тоа колкава це цената на чинење на еден киловат час добиена од сончеви централи, немаме правено такви пресметки. Но според интересот на инвеститорите во инвестирање во овој вид на централи можеме да претпоставиме дека оваа цена на чинење е пониска од цената која што ја добиваат од државата.

      Што се однесува до поврзување на физички лица кој што имаат инсталирано фотоволтаичен систем, или пак друг систем кој што произведува електрична енергија користејќи ги обновливите извори на енергија, за жал во моментот не е возможно да се поврзи со електромрежата и тука примарна вина е до државата која што не е уредила оваа област – непостоење на законска регулатива.

      Во врска со сончевите колектори веќе пишувавме , поточно ги споредувавме различити типови на сончеви колектори, јас ќе те упатам на следниот текст кој што ги споредува сончевите колектори според нивната економска исплативост

      https://energetskaefikasnost.info/sonchevi-sistemi-4-sporedba-na-razni-tipovi-spored-zashtedata/
      Поздрав и продолжи и понатаму да не следиш!

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency