Во Лесковац, Србија, е отворена прва сончева централа, со инсталирана моќност од 260 kW. Исто така потпишан е договор за изградба на уште една сончева централа со инсталирана моќност од 650 kW која што ќе биде изгради во општина Бојник. Овие централи се први сончеви централи кои што се изградени во јужниот дел на Србија.
Министерката за енергетика, развој и заштита на човековата средина на Р. Србија, Зорана Михајловиќ, истакна дека приоритетите на ресорното министерство се енергетската ефикасност како и поголемо искористување на потенцијалот на обновливите извори на енергија.
Произведената електрична енергија на оваа ново отворена централа ќе биде доволна да ги задоволи потребите на околу 50-60 домаќинства. „Оваа централа има мал капацитет, но она што е битно е дека конечно се започна со изградба на вакви капацитети. Она што е добро е дека оваа централа е прва изградена централа во јужниот дел на Србија, дел кој што има голем број на сончеви денови„ истакна министерката.
Самата централа е изградена на покривот на претпријатието „ДОМИТ„ ДОО од Лебане. Вкупната инвестиција на двете централи што ќе се изградат изнесува околу 2 милиони евра.
На свеченото отворање на централата министерката најави изградба на нови сончеви централи во јужниот дел на Србија со вкупна инсталирана моќност од околу 40 MW