Авторски текст на Иван Сзекерес. Иван е роден 1981 година во Загреб. Дипломираше на Факултетот за електротехника. За време на апсолвентската година работеше како соработник на Проектот на поттикнување на енергетската ефикасност организиран од страна на УНДП. Неколку години пишуваше за магазинот „План Б“ како и истоимена рубрика во рамките на Т-портал, порталот МојаЕнергија, ееКроатиа, СЕЕбиз и Паметна куна. Од 2009 година станува главен и одговорен уредник на деловно друштвена мрежа ЗеленаЕнергија.
Граѓаните се организираат во енергетски задруги и сакаат да ги користат обновливите извори на енергија. Полека но сигурно, тие ќе разберат дека не можат повеќе да имаат комплетна доверба во државата, дека ќе мораат да се здружуваат и да со заеднички сили го инвестираат својот труд, време и пари зарад сопствената корист.
Оваа година ни се случи нов Национален акциски план за обновливи извори на енергија, нов тарифен систем кој што треба да стапи на сила во 2014 година и се подразбира нови поголеми надомести за обновливи извори на енергија, На прв поглед, самата приказна е едноставна – требаше да се земат бројките од Стратегијата на енергетскиот развој на Република Хрватска од 2009 година која што е пишувана под претпоставка на годишен раст на потрошувачка од 2,7% и да се стави во пореални рамки на раст од 1,8%. Оваа на прв поглед комплексна операција, е направена на сосема банален начин – „отсековме“ 800 MW на ветерни централи, чија изградба не е во интерес на хрватското стопанство, а мизерните 45 MW на сончеви централи кој што се планирани со наведената Стратегија се зголемени за 7 MW и со тоа ја заокруживме приказната до 2020 година. Другите обновливи извори на енергија и големите хидроцентрали не ги ни спомнуваме, бидејќи квотите не се пополнети. На ваков начин, всушност имаме ефикасен и брз начин на пишување на стратешки документи и исполнување на обврските кој што ги имаме кон ЕУ.
Додека некаде и згрешивме, за две години кога ќе требаме да го предадеме извештајот за постигнатиот напредок во реализирањето на целта од 20% на учеството на обновливите извори на енергија до 2020 година, се уште ќе имаме време да ги „средиме“ бројките. Можеби тогаш ќе се одлучиме да го поттикнеме некој од обновливите извори на енергија.
Во некој идеален свет, кој што е оддалечен од реалните пазарни движења и од кризата, овој пристап би бил идеален, но реално гледано ваков план на арбитражно кратење на квотите не функционира без болни последици за сите оние кој што тргнаа во развој на проектот – од големите инвеститори во сончевите централи, па до самите граѓани кој што веќе ги започнаа проектите на изградба на мали сончеви централи.
Во некој природен пазарен амбиент, основната смисла на субвенциите за некоја стопанска дејност е развој на самиот пазар на одреден производ или услуга до оној степен кога субвенциите стануваат непотребни, бидејќи или е постигната планираната цел која што претставува општ интерес или самиот субвенциониран пазарниот сегмент стана самоодржлив во реални пазарни услови. Но сепак додека зборуваме за субвенциите во Хрватска, кај граѓаните се јавува слика на некој си земјоделци кој што со тракторите ги блокираат патиштата поради несоодветните пазарни цени. Ва вакви услови земјоделците не планираат сеење или садење на други култури според пазарните услови, туку според субвенциите кој што ќе бидат давани од државата.
Одлуката на новиот Национален акциски план за обновливи извори на енергија, кој што фаворизира одреден тип на обновлив извор на енергија во однос на другите обновливи извори, ќе ги натера инвеститорите да во наредните години, како и нашите земјоделци, да ги следат државните субвенции, наместо да се создаде микс на обновливи извори на енергија, кој што ќе ги вклучи сите видови на обновливи извори на енергија, кој што се од интерес на нашата држава. Она што не смееме да заборавиме е дека се работи за субвенции кој што сите ние ги плаќаме – низ самата сметка за електрична енергија.
Основниот аргумент, изговор, кој што се користи како оправдување на новите мерки е тој што Хрватска нема економска корист од инвестиции во ветерна и сончева енергија и дека субвенциите во изградба на централи на биомаса и во хидроцентрали се поттикнува хрватското стопанство. Можеме да почнеме со докажувањето на хрватската компонента во енергијата на ветер и сонце, но некако е полесно „пилата“ да ја свртиме однопаку.
Да почнеме од фактот дека новиот Национален акцискиот план почнува од претпоставка дека до 2020 година ќе изградиме големи хидроцентрали со инсталирана моќност од 300 MW и дека тоа е оправдано бидејќи некој од тие проекти се во завршна фаза на развој. Предвидениот раст е линеарен во вредност од 50 MW на нови хидроцентрали годишно. Но ова можеме да го оспориме со една кратка реченица. Имено од своето осамостојување Хрватска изгради само една хидроцентрала со инсталиран капацитет од 55 MW а самата изградба траеше пет години. Но и да го ставиме овој факт по страна, самиот процес на проценка за подрачјето NATURA 2000 трае околу три години, а поголем дел на хидроцентралите се сè уште во фаза на развој, освен хидроцентралата Омбла каде што Европската банка за обнова и развој се повлече од финансирање на проектот. Освен тоа, се поставува дополнително прашање – дали е целосно преградување на сите реки кој што се уште не се преградени вистински интерес на Хрватска?
Што се однесува до користење на биомаса за кој што акцискиот план предвидува 85 MW на инсталирана моќност. Оптимистично е да зборуваме за можеби најмногу 20 – 30 проекти кој што треба да бидат реализирани до 2020 година и за кој што се во новиот тарифниот систем „олабавени“ условите за пласман на топлинска енергија. Сепак и да сме оптимистични и да претпоставиме дека овие централи ќе бидат изградени со хрватска опрема, се поставува прашање – дали пет или десет референци по домашен производител на ваков вид на опрема, претставуваат доволна база за трајно отворање на нови работни места и вистинска можност за развој на висококвалитетен производен процес и опрема која што ќе овозможи конкурентен настап на меѓународен пазар.
Имено, инвеститорот ќе бара висока ефикасност на производниот процес за да може да го зголеми профитот и да го намали периодот на поврат на инвестицијата. Се поставува прашање дали хрватското производство на ваков тип на опрема и по цена и по квалитет може да конкурира на странските производители дури и да ја увеземе опремата.
Но да ги ставиме на страна големите инвестиции во енергетиката. Единствениот сегмент во кој што граѓаните, како поединци, можеа да инвестираа се мали фотонапонски централи. Во периодот од 2007 до 2012 година и до конечното поедноставување на процедурата, важеа исти услови за издавање на дозволи. Со други зборови, иако проектот за инвестирање во мали сончеви централи во однос на големи, е помал, обичниот граѓанин за мрежен фотонапонски систем ја поминуваше истата процедура како да гради сопствена централа. Кога успеавме да ги смениме условите на регулаторната рамка и кога ги остваривме предусловите за влегување на физичките лица како мали инвеститори во игра, дојде до неколку интересни нус појави – некој од малите инвеститори навистина ги реализираа своите проекти, но како прашањето на склучување на договор со HROTE не беше адекватно регулирано дојде до масовно зафаќање на достапни квоти, најверојатно со шпекулативна цел – склопените договори да се понудат за откуп. Така на пример, вкупната квота за интегрирани фотонапонски централи за 2013 година, беше пополнета за само неколку дена.
Паралелно со гушењето на пазарот на соларната енергија, во Хрватска се случува уште еден интересен феномен, а тоа е постепено појавување на концептот на енергетски задруги. Основната идеја беше здружување на граѓани и на претприемачи на локален ниво, за инвестирање во сончеви централи. Но со поставување на нови услови оваа приказна, застана на момент. Од друга страна се појавуваат и нови видови на задруги кој што почнуваат да размислуваат на начин да треба да се искористат локалните ресурси. За некој е тоа отпад од сточарското производство во вид на арско ѓубре, кое што се според Нитративната директива треба да биде складирано и каде биогасни постројки се појавуваат како идеален вид на искористување на овој вид на отпад, за производство на топлинска и електрична енергија. Покрај овие идеи постојат и други идеа за функционирање на енергетски задруги. Тука е пресудна поддршка на локалната самоуправа, кој што се и сами притиснати со недостиг на финансии за реализација на свои енергетски проекти.
Оваа година бевме сведоци и на организиран отпор на изградба на една централа која што требаше да ја искористи енергијата на ветерот. Се работи за организираниот отпор на граѓаните на општината Фужин и на граѓаните на околните општини кој што собраа доволно потписи за распишување на референдум за изградба на ветерна централа која што можеше да има влијание на самата визура на брдото на кој што е предвидена изградба на ветерната централа како и претпоставката дека изградбата на оваа централа ќе резултира со претерана сеча на шумата. На крајот иако референдумот не успеа, централата не беше изградена поради одлуката со која што централата беше прогласена за неприфатлива за околината и еколошката мрежа.
Во овој момент перспективата на обновливите извори во Хрватска, посебно за инвеститорите во соларна и ветерна енергија не е ветувачка. Генерално гледано, државата одлучи да ги поддржи поголемите инвеститори, кој што ќе инвестираат во други видови на обновливи извори на енергија и да ги поддржи оние проекти кој што се бавно развиваат и кој што тешко дека ќе се реализираат до 2020 година. Аргументите за брзиот развој на проектите кој што ќе ја искористат сончевата и ветерната енергија, и кој што можат да ја намалат увозната зависност на Хрватска, како и фактот да голем број на мали фотонапонски централи претставуваат дистрибуирано производство во вистинската смисла на овој збор, сега за сега немаат позитивен одѕив во надлежните институции. Тука нема да има поголеми помаци доколку не се почне со позитивна селекција на кадри кој што работат во надлежни државни институции и агенции. Во спротивно ќе се продолжи со инфлација на стратегии, акциски планови, правилници и други акти, кој што ќе се пишуваат исклучиво за задоволување на формата и на исполнување на преземени обврски, а кога ќе се случат проблемите ќе се размислува за тоа како да се закрпат дупките кој што се создадени. Ваков пристап нанесува голема штета не само на секторот на обновливи извори на енергија, туку и на Хрватска во очите на ЕУ.
Кога зборуваме за вработување, да се обидеме да не зборуваме за луѓето како за обична бројка на работни места, туку за самиот квалитет на работното место, квалитет на животниот стандард како последица на енергетските решенија. Да го поттикнеме искористувањето на биомасата и на биогасот бидејќи создаваат нови работни места, но да не ги заборавиме проектантите, монтерите и дистрибутерите на сончевата опрема, луѓето кој што со отворањето на пазарот работат на изградба и продажба на опрема за искористување на сончевата енергија. Од две фабрики за производство на фотонапонски панели кој што активно работеа до пред некој година, денес работи само една и би било убаво да продолжи со работењето. Одредените сегменти на распаднатите бродоградилишта почнуваат со производство на делови за ветерни генератори и се создаваат нови работни места. Граѓаните полека се организираат во енергетски задруги, ги сакаат обновливите извори на енергија во своите животи, а локалните власти полека разбираат што сакаат да направат за своите градови и општини. Граѓаните полека разбираат дека мораат да се организираат и да со заеднички сили инвестираат во сопствена иднина, кога веќе државата одлучи да не сака да ги стимулира.
Обновливите извори на енергија и енергетските задруги како облик на локално искористување на ресурси, како и затворање на кругот на користење на локални ресурси на локален ниво се во интерес на самите граѓани и темел се на ефикасноста и на одржливоста на сината економија. Денес ова е се уште идеја, но утре ќе стане реалност, бидејќи ваков вид на економија ќе биде темел на преживување на нашето општество.
Извор: Х-АЛТЕР