Од како пред две години во Обровац , Хрватска, се изгради една од најголемите хрватски сончеви централи, се планира изградба на првата хрватска сончева централа која што користи системи за следење на сонцето – tracking systems. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 10 милиони куни (околу еден милион и триста илјади евра) а инвеститорот е Вировитичка – подравска жупанија. Со овој проект се планира спојување на земјоделието и обновливата енергија.
Сончевите панели ќе бидат поставени на столбови кој што се високи 4 m а нивното меѓусебно растојание изнесува 8 m, што е доволно за несметано работење на тракторите и друга земјоделска механизација. Бкупната инсталирана можност на системот изнесува 500 kW и дел од произведената електирчна енергија ќе се искористи за напојување на системот за наводнување.
Оваа земјоделско – енергетска инвестиција, ќе има уште една дополнителна функција земјата на која што ќе се одлгедуваа земјоделску култури ќе биде устапена на средното училиште во Слатина за практична настава на нејзините ученици, а вишокот на електирчната енергија ќе биде искористен за напојување на сите основни и средни училишта во оваа жупанија. Исто така оваа централа ќе биде показен објект за сите оние ученици кој што се школуваат за оние професии поврзани за искористување на обновливите извори на енергија. „Ваков вид на проекти се од голема важност не само за Славонија туку и за Хрватска, бидејќи ја ебединуваат енергетиката, земјоделството и едукацијата. Ги користиме обновливите извори на енергија на еден иновативен начин и притоа не ја зафаќаме почвата која што може да се обработува. Исто така сето оваа го поврзавме со едукацијата на младите“, истакна жупанот Томислав Толушиќ.
Како што рековме на самиот почеток, инвестицијата вреди 10 милиони куни, за кој што Жупанијата обезбеди комплетна документација, а проектот ќе биде исфинансиран со помош на фондовите на ЕУ или пак со помош на Фондот за заштита на природната средина и енергетска ефикасност. Името на централата е „Синерот“ според Светиот Синерот, заштитникот на сончево време, градини и градинари.
Извор: Poslovni dnevnik