Пред неколку дена го објавивме инфографикот за обновливите извори на енергија во нашата држава. По оваа прилика да им се заблагодарам на сите сајтови кој што го споделија инфографикот.
Како што видовме од сликата, кога Македонија користењето на обновливите извори на енергија го базира на хидроенергијата. Но да видиме каква е состојбата во други поранешни републики на поранешната СФРЈ.
Почнуваме од Србија. Како и нашата држава и Србија има обврска да ја исполни целта поврзана со учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електричната енергија. Србија до крајот на оваа година треба да го зголеми учеството на обновливите извори на енергија, кој што во моментов изнесува 21,2 % на 27 проценти. Големи очекувања се од биомасата, која што според голем број на стручњаци може да учествува со 2%. Се смета и на изградба на изградба на ХЦ „Ѓердап 3“, но новите килот часови ќе се добијат од малите хидроцентрали. Во минатите две години српското министерство за енергетика издаде 350 дозволи за изградба на мали хидроцентрали.
Се спремаат и проекти за користење на геотермалната енергија посебно во оние градови кој што се наоѓаат во непосредна близина на големи водени текови – Западната и Велика Морава, Дунав, Сава и Дрина. Се проценува дека 20% од вкупниот број на потрошувачите во Белград можат да ја користат геотермалната енергија.
Се очекува и користење на сончевата енергија како и потенцијалот на ветерната енергија. Нафтената индустрија на Србија (НИС) веќе почна со изградба првиот ветерен парк во Србија, а во период од 2-3 години ќе се изградат и ветерни паркови во вредност од околу 700 милиони евра.
Извор: efikasnost.org