Како да се изолира фасадата при обновување или новоградба
Кога зборуваме за топлинските загуби мора да имаме на ум дека надворешните ѕидови (фасадата) придонесуваат 40% од загубата. Можеме да заклучиме дека надворешните ѕидови веќе не претставуваат естетски елемент во архитектурата, но пред се заштедуваат енергија и овозможуваат одржување на поволна микроклима во просторот кој го затвораат. Под поволна микроклима не мислиме само на внатрешната температура на просторот, туку и на угодноста во истиот, што ја вклучува и температура на ѕидовите како и оптимално релативната влажност на воздухот во затворените простории. Кнауф изолационата фасада на изолационите плочки и ламели со своите својства ги задоволуваат апсолутно сите барања за безбеден и здрав престој во просторот. Заштедуваат енергија, овозможуваат дишење на ѕидовите, штитат од надворешни звуци, не горат, отпорни се на стареење и димензиски се стабилни.
Според намената, ламелите ги препорачуваме кај новите градби, а плочите кај санација на фасада на старите градби и кај некои нови градби каде е потребна зголемена топлинска изолација.
Санација на стари фасади
- На добро припремен ѕид (чиста, сува и рамна подлога) потребно е на дното да се постави рабен профил. Висината на рабниот профил мора да биде минимално 30 cm над нивото на земјата (зона на пукање). Делот на ѕидот помеѓу дното и рабниот профил мора да биде изолиран со екструдиран стиропор (XPS) Knauf Insulation Polyfoam Ultragrip LJ.
- На изолациските плочи Knauf InsulationFKD-S со ѕидарската шпакла се нанесува слој на лепилото по рабовите и на неколку места во средината на плочите. Покривањето на плочите со лепило мора да биде минимално 40% од нивната површина. Поставувањето на плочите се врши со поместување на половина плоча, како „чешлање“ на аглите на рабовите.
- По неколку дена кога лепилото ќе го постигне потребниот капацитет на носивост, плочите се лепат по линијата и дополнително механички се прицврстуваат со помош на механички спојки со 6-8 пар/м
- Затоа преку целата површина се нанесува слој на лепило со дебелина од 3 mm на кој се лепи текстилно-стаклена алкална отпорна мрежа. Треба да се внимава да не се надмине должината на преклопот (од 10 cm). После тоа се нанесува уште еден слој на лепило за израмнување, тоа се прави после завршување на сушењето (10-15 дена, зависно од временските услови), пред нанесување на завршниот слој површината се импрегнира во бојата на слојот.
- Начинот на нанесување и дебелината на слојот зависи од фасадната гранулација. Важно е да се напомени дека при изборот на бои треба да се обрне внимание на нијансата на бојата, се препорачува да се одбираат посветли нијанси. Во случај ако се одбере темна нијанса, посоветувајте се со производителите и нивната техничка служба во поглед на примена, со цел да се избегнат несакани ефекти.
Нова градба
- На рамен ѕид потребно е на дното да се стави рабен профил. Висината на рабниот профил мора да биди минимално 30 cm над нивото на земјата. Делот од ѕидот измеѓу дното и рубниот профил се изолира со екструдиран стиропор (XPS) Knauf Insulation Polyfoam Ultragrip LJ
- На изолациските ламели Knauf Insulation FKL потребно е со посебни шпакла да се нанесе слој на лепило по целата површина. Поставувањето на ламела се изведува со поместување на пола ламела во вид на „чешање“ на аглите на зградата. Кај ламелите не е потребно механичко прицврстување.
- Затоа преку целата површина на фасадата се нанесува слој од лепилото со дебелина од 3 mm на кој се лепи текстилно-стаклена алкална отпорна мрежа, . притоа треба да се внимава да не се надмине должината на преклопот (од 10 cm). После тоа се нанесува уште еден слој на лепило за израмнување, тоа се прави после завршувњето на сушењето (10-15 дена, зависно од временските услови), пред нанесување на завршниот слој површината се импрегнира во бојата на слојот.
- Начинот на нанесување и дебелината на слојот зависи од фасадната гранулација. Важно е да се напомени дека при изборот на бои треба да се обрне внимание на нијансата на бојата, се препорачува да се одбираат посветли нијанси. Во случај ако се одбере темна нијанса, посоветувајте се со производителите и нивната техничка служба во поглед на примена, со цел да се избегнат несакани ефекти.