Авиокомпанијата Virgin Atlantic најави дека планира своите комерцијални летови да ги остварува со ново гориво – синтетички гас произведен од индустриски отпад, кој испушта двојно помалку штетни гасови од стандардното гориво за авиони.
Користејќи технологија развиена од партнерите Lanza Tech и Swedish Biofuels, од Virgin велат дека ќе го собираат гасот од индустриските капацитети за производство на челик и ќе го преработуваат во етанол, кој понатаму може да се преработи во гориво за млазни авиони.
Авиокомпанијата планира да изведи пробни летови во Нов Зеланд во наредните 18 месеци, а да започне со комерцијални летови во Кина во 2014 година. Од Lanza Tech, новозеландска биотехнолошка компанија, проценуваат дека со овој процес може да се искористи гасот од 65% од железарниците во светот.
Дополнителна позитивна страна на овој процес, освен искористување на отпад кој инаку само би се горел, е што не се потпира на биогориво произведено од земјоделски култури, со што нема да дојде до раст на цената на храната.
-Како што се троши нафтата, многу е важно новите решенија за горива да се одржливи. А со капацитетот на металната индустрија сама да ипорача над 50 милијарди литри годишно, потенцијалот е навистина голем – изјави Ричард Бренсон, претседател на Virgin Atlantic.