Како што известува 24 Вести Регулаторната комисија за енергетика ги анализира доставените трошоци на ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН , врз основ на кој што ќе се донесе одлука дали и за која вредност ќе се зголеми цената на електричната енергија. Според 24 Вести, наредната недела ќе се знае дали постојат услови за промена на цената на електричната енергија.
Од друга страна, како што пренесува Утринскиот весник, МЕПСО бара за 10% зголемена цена на преносот на електричната енергија. Од МЕПСО објаснуваат дека баранoтo поскапување е резултат на инвестициите во преносниот систем во минатиот период. Исто така тие нагласуваат дека бараното поскапување нема да има големо влијание на финалната цена на електричната енергија, бидејќи МЕПСО во крајната цена учествува со 7%.
Покрај МЕПСО и ЕВН и ЕЛЕМ во доставените пресметки покажаа зголемени трошоci, но како што известува 24 Вести, овие трошоци нема значително да ја зголемат цената на електричната енергија.
И додека ја чекаме одлуката на Регулаторната комисија, Вие за секој случај почнете да се спремате за нови зголемени сметки на електрична енергија.