Посакувате ли да можете слободно да живеете каде посакате без да имате никакви трошоци за електрична енергија. Доколку вашиот одговор е да, би да ве информираме дека во Холандија се развиени одржливи домови кои би биле совршени за вас. Една холандска компанија неодамна го представи нивниот прототип на дом во контејнер кои користат соларни панели, не само што контејнерот е пренослив туку е целосно опремен.
Одржувачките домови првично беа замислени како решение за станбената криза, а се и одлично решение за проблемите со кои се соочуваат младите генерации како зголемените трошоци за кирии и високите трошоци за сметки. “Независноста и одржливоста ги дефинираат домовите од иднината”. Оваа холандска компанија е пионер во сите аспекти од модерното живеење: модуларен, мобилен и паметен дом. Домовите во контејнери ветуваат реализација на трите карактеристики со својата енергетска ефикасност која користи одржливи материјали и системи кои се според Cradle2Cradle принципите.
Секој контејнер е целосно обложен со ECOBoard, био-базирани панели кои се целосно изработени од рециклирани земјоделски остатоци како трева и слама. Мебелот и санираријата се внимателно избрани врз база на нивното влијание врз животната средина, како на пример користење на бои од ленено масло и столови направени од рециклирани фрижидери. Овие домови може да функционираат и во средини каде што нема мрежи за електрична енергија, бидејќи користат соларна и ветерна енергија што може да произведе околу 5.000 киловатчасови секоја година со тоа што вишокот се зачувува во систем направен од батерии со јачина од 20 киловатчасови.
Водата од дождот се собира и се филтрира за подоцна да се произведе вода за пиење која ќе ги исполнува холандските стандардите. Отпадната вода се филтрира пред да се пушти во земјата. Високо ефикасен реверзибилна топлинска пумпа која е дел од високо квалитетна инсталација се користи за топлење и ладење на домот.
Иако одржувачките домови првенствено се наменети за домување, структурата на контејнерот може лесно да се адаптира и да се користи како канцелариски простор, хотелска соба, па дури и како соба за итни случаеви. Целосно опремен контејнер од 30 m2 може комотно да собери две особи , а набавната цена е 75,000 € . Холандската компанија само што заврши со конструкција на првиот прототип и моментално го тестира дизајнот.