Летото претставува идеално време за да ја проверите состојбата и ефикасноста на камините и оџаците во вашиот дом, со што би ги спремиле за претстоечката грејна сезона.
Одржувањето на огнот во вашиот камин вклучува могу повеќе труд околу пукнатите ложишта.
Камините и оџaците бараат редовно внимание за да би функционирале сигурно и ефикасно па макар и да не се користат,одредено рутинско одржување е одличен начин за нивно одржување поради естетика но и функционалност. Се препорачува барем еднаш годишно чистење на оџакот од страна на искусен оџачар, доколку пак се ложи каминот почесто тогаш се препочаува почесто чистење на оџакот.
За да озбебедите убав изглед и функционалност на каминот,чистете го од време на време и поправајте ги поединечните елементи како то пропаѓаат. Специјализираните продавници и некои отпади се одличен извор на резервни делови.
Одржување на елементите на каминот
Лиеното железо е најчестиот материјал кој се користи за ложењето на каминот и обично може да му се поврати сјајот доколку е упропастено. Првиот чекор за поправка е остранување на ‘рѓата и нечистотилокот со метална четка. Графитната паста по овој процес може да биде нанесена на ложиштето преку користење на мека крпа, четка или сунѓер.
Обрнете особено внимание на дрвените елементи околу каминот како и околу било која друга столарија. Редовно бришете со сува чиста крпа,повремено полирајте и ако е потребно правете длабинско чистење со користење на добро разблажен детергент и крпа, трудејќи се во исто време да не го натопите самото дрво во премногу течност.
Од друга страна пак, површината на каменот и мермерот може многу брзо и лесно да се оштети со средствата за чистење на домаќинствот доколку во нивниот состав има киселина или друго абразивно средство. За таа цел ви предлагаме да купувате нискоабразивни и меки за раце средства за чистење за да го оштетите предметот / елементите кои ги чистите.
Доколку слоевите на боја сметаат на декоративните детали на камините од лиено железо или дрво, применете врз овие елементи производи кои се отстранувачи на боја. Отстранувањето на вишокот на боја е секогаш најдобро да се прави на лице место кога околните објекти се добро заштитени. Ремонтирањето на каминот доколку е потребно проставете го на специјализираните лиц, или пак наш совет е воопто да не го правите тоа само доколку е неизбежно.
Доколку забележавте дека на ложиштето се појавиле пукотини, тогаш поправете ги со водотпорен цемент, а доколку се поголеми тогаш потребно е да повикате мајстор.
Плочките се чести кај повеќето видови на камини и вообичаено се поставени позадински. Тоа ја прави поправката/замената многу комплицирана,па затоа ќе морате да се навикнете на оштетените плочки. Таму каде што има појава на влез на промаја низ неискористениот простор на каминот размислете за поставување на димен балон кој привремено ќе напрви блокада на оџакот и ќе го редуцира влијанието на струењетона воздухот низ пукнатините.
Одржување на оџакот
Чадот и испарувањето кои се појавуваат поради испарување од ложењето на огнот се јавуваат прво низ димниот отвор кој е содржан во оџакот.Овие гасови се потенцијално смртоносни и морате да имате на ум дека секое согорување може да доведе до појава на јаглен-моноксид кој подмукол гас кој нема мирис и е потенцијален лош и висок смртоносен фактор.Треба да бидете свесни дека лошото одржување на оџаците може да доведе и до куќен пожар особено во старите куќи каде покривните елементи се изградени во структурата на оџакот, факт кој не е невообичаен за постарите куќи и постарите згради.
Отпадоците кои паѓаат низ оџакот вклучуваат во својот состав и матлтер и цигли, затоа кај секој оџак , а особено кај оние кои не биле користени долго време потребно е да се тестираат оџеците на стриењето на воздухот со помош на палети поради нивната способност за помала појава на чад.
За оџакот да функционира ефикасно, потребно е да биде извлечена доволна должина на простор за премин на воздух према надвор.Ова впрочем е и суштинската работа кога станува збор за согорувањето , но и поради преносот на чадот и димните гасови кон надворешната средина.
Постојат различни фактори кои кои можат да влијаат врз овој процес како големините на отворите на каминот, потисокот на воздухот предизвикан од малата висина на оџакот, силни ветрови и сл. Доколку воздухот се враќа надвор и назад во просторијата, откријте ги причинителите. Доколку огништето е многу ниско поставено, може да биде исплатливо да се екепериментира со негово поткревање нагоре.
Битно е да ги прегледате оџаците надвор со користење на двоглед: гледајте дали капите на оџеците делуваат лабаво, ослабено или дали им недостасува малтер на оџаците.
Оџаците кои имаат големо и широко огниште често се завршени со камени плочи подигнати врз цигли кои обезбедуваат заштита од дожд. Разни додатоци се достапни за капите на оџаците со што би се обезбедило подобрување на перформансите и би се застанал продорот во каналите на олуците, во овој дел би било и паметно да се направи и одбивач за птици со што истите би се спречиле да креираат гнезда врз вашиот оџак или околу него.