За да имаме квалитетно греење и ладење со помош на климатизери, истите треба и редовно да ги одржуваме. Кога велиме одржување на климатизери, на прво место мислиме на редовно перење на филтрите за прашина. Перењето на филтрите треба да се прави најмалку еднаш во месецот или почесто а се во зависност од тоа колку често и интензивно го користевме самиот климатизер. Филтрите се поставени на предната страна на клима уредот, одма под заштитната маска. Овие филтри се поставени така, да го спречат продирањето на прашината во самата внатрешност на климатизерот и нејзиното „лепење“ на испарувачот (топлински изменувач).
Со чистењето на овие филтри се добива поголем проток на воздух низ самиот климатизер и се зголемува енергетската ефикасност на самиот уред. Овие филтри можат да се исперат со жешка вода, со помош на обичен туш. Доколку се многу извалкани, филтрите можат да се очистат и со помека четка за да се исчисти прашината која што е наталожена на самите отвори на филтрите. Самата операција на чистењето на филтрите трае околу 20 минути.
Дезинфекција на клима уредот
Од кога ги исчистивте филтрите, треба да пристапите на дезинфекција на климатизерите. Целта на дезинфекцијата е да се спречи појава на непријатни мириси, како и да се спречи ширење на штетни микроорганизми. Средството за дезинфекција може да се најде во скоро секоја аптека или во поголем супер маркет (можете да пазарите некое поблаго средство но не алкохол). Прочитајте ја употребата на средството на дезинфекција и ставете го во посебна боца која што има распрскувач. Испрскајте го средството за дезинфекција на самите „ребра“ на климатизерот. По направената дезинфекција, оставете го климатизерот да се осуши и не го вклучувајте во наредните два часа.
Перење на надворешната единица
Надворешната единица на климатизерот е дел кој што е уште повеќе изложен на надворешната прашина. Најчестиот проблем е собирање на прашината во „саќето“ со што се намалува протокот на воздухот со што се намалува капацитетот на ладењето, поточно греењето на климатизерот. Чистењето на овој дел можете да го направете со помош на компресор на вода.
Дополнување на средството за разладување
Доколку не го проверивте нивото на средството за разладување, сега е вистинскиот момент да го направете ова. Порано се користеше фреон, но поради неговото штетно влијание на животната средина, денес се користат други средства кој што немаат големо штетно влијание. Голем број на сервиси кој што ја нудат услугата на продажба и поставување на клима уреди је нудат и оваа услуга.
Извор на текстот и сликите: efikasnost.org