Пред само неколку месеци Фејсбук реши јавно да ги објави податоците за своите јаглеродни емисии во атмосферата за 2011 година. Организациите кои се занимават со анализа на овие податоци и со корпоративната одговорност како што е Гринпис беа задоволни од нивото на емисии, при што својот фокус го насочија кон технолошки гиганти како што е Гугл чии емисии на карбон диоксид се доста поголеми.
За сите свои потреби Фејсбук потрошил 532 милиони киловат часа електрична енергија во текот на 2011 година, притоа ако се земи во предвид дека 36% од таа енергија дошла од обновливи извори, доаѓа дека Фејсбук е одговорен за само 285.000 метрички тони на CO2 во атмосферата. Така компарирано со 1.5 милионите тони емиси на Гугл тоа е бројка за почит. Релативно малата разлика во големината на компаниите не е некој фактор кој би се имал во предвид при споредбата на нивните емисии на CO2. Разликата ја прави пред се фактот што серверите на Фејсбук се едни од енергетски најефикасните во светот.
Дали тоа значи дека дружењето/споделувањето/уговарањето на Фејсбук е еколошки поприфатливо од сурфањето на Гугл? Па, Според Фејсбук и на задоволство на милионите негови корисница Да. Покрај другите статистички податоци и информации од Фејсбук пресметаа дека за секој нивни активен корисник во просек се генерира по 269 грама на CO2 емисии во атмосферата. За да се стават во разбирлив контекст овие 260 грама, приближно иста количина емисии се генерираат потребни за спремање на едно капучино. Се разбира мора да се земи во предвид дека Фејсбук има повеќе од милијарда корисници (од Октомври 2012) така што севкупната бројка и не е баш толку занемарувачка.
Но, и покрај тоа еко активистите останаа задоволни и немаа премногу забелешки на јаглеродните емисиите за кои Фејсбук е одговорен. Иако од Фејсбук се одлучни во намерата да го зголемат учеството на обновливи извори до 25% во изворите на електрична енергија од кои се снабдуваат тие сепак нагласуваат дека ситуацијата со емисии на гасови иницијално ќе се влоши пред да се стабилизира/намали. Причината за тоа според нив е пребрзиот раст на компанијата.