About the author

Игор Мишевски

Магистрант на оджлив развој, дипломиран електро инженер со искуство во енергетската ефикасност и одржливиот развој!

Related Articles

6 Comments

  1. 1

    Organska Hrana

    Gospodine, vie malku poveke ste gi pomesale rabotite!!!
    Znaci tie vasi lokalni bavcandzii, od kade ste sigurni deka nekoj od niv ne koristel nekoe zabraneto sredstvo za zastita, ne upotrebil tri pati pogolema doza od preporacanata, ne koristel vo nedozvoelna faza (pred berba), vo golema zabluda ste so vasite stavovi. Sepak organskoto nekoj go kontrolira, raboti i sovesta na proizvoditelite, ne e bitno od kade doslo do vas, sepak e proverenen i siguren proizvod. Barajte ja poentata na Energetskata efikasnot vo drugi segmenti od zivotot!!!

    1. 1.1

      Игор Мишевски

      Почитувани,
      Многу добро ги знам работите во органското земјоделие, и јасни ми се ставовите дека тоа е строго контролирано за употреба на пестициди. Она што го искажав како став јас е дека органското производство, не е под default и енергетски ефикасно, а со тоа генерално не е зелено. На пример употребата на керозин при авионски транспорт на органски производи загадуваат над стопати повеќе од конвенционално производство на локални производи. Мене лично многу ми е битно од каде е производот, и многу пати ми менува кога купувам. Се додека органското производство во себе не вклучи и јаглеродни емисии како де од стандардите, за мене!
      И на крај, енергетската ефикасност треба да се бара во секој сегмент од животот, посебно во делот на производството на храна, каде постојат глобални проблеми на глад, и меѓународните организации трошат повеќе средства (читај гориво и емисии) за транспорт и логистика на храната до метата каде е потребна, отколку истата да биде локално произведена.

  2. 2

    Нено Богдан

    Пред неколку месеци во Фокус во една колумна пишував за темата органска храна. Eве извадок:

    „…Причината поради која во денешно време доминантен систем во производството на храна е оној со користење на антибиотици во сточарството, и пестициди и вештачки ѓубрива во земјоделието, не е желбата за профит на алчните глобални агро-корпорации, ами тоа што таквиот метод за производство на храна е единствениот начин со кој може да се задоволи гладта (буквално) на светското население кое веќе надмина седум милијарди луѓе.

    Оние кои се залагаат за укинување на таквиот „индустриски“ начин на земјоделие и сточарство и кои бараат сите да јадеме органска храна, треба да знаат дека имало период во историјата на човештвото кога сите јаделе органска храна и тој период траел од крајот на каменото доба (кога луѓето почнале да одгледуваат домашни животни и да ја обработуваат земјата) па до пред сто години кога биле измислени првите вештачки ѓубрива и пестицидите. Во тој период гладот бил сосема редовна појава дури и во најбогатите општества, а во сиромашните земји бил секојдневие.

    Тогаш на планетава живееле многу помалку луѓе отколку денеска, па сепак со органското земјоделие не успеале да обезбедат редовно и стабилно снабдување со храна. Доколку денеска би се вратиле на тој систем, доколку би ги исфрлиле сосема пестицидите и вештачките ѓубрива од земјоделието, приносите би се преполовиле, а некогаш и воопшто не би ги имало, поради наездата на инсекти кои сега се држат, колку-толку под контрола со помош на хемиските препарати.

    Во сточарството пак, и покрај големиот публицитет што им се дава на случаите на масовно колење на живина и добиток поради кравјо лудило, свинска чума или пилешки грип (кое колење е толку масовно само за да се смири испаничената јавност!), сепак благодарение на ветеринарната грижа се обезбедува многу поголема ефикасност на фармите и со тоа многу поголемо производство на месо, јајца и млеко.

    И не е за чудење што секогаш органската храна е поскапа од онаа обичната, произведена по индустриски методи т.е. на плантажи и во големите фарми. Затоа што од единица површина и по грло добиток приносите се помали и понесигурни. Кога сите би морале да се храниме со органски произведена храна, не само што површините под обработка би морале драматично да се зголемат за да се обезбеди доволно храна за сите (што ќе значи сечење на стотици милиони хектари шуми!) туку таквата храна би била поскапа па сиромашните би морале да гладуваат!

    Да, точно е дека користењето на пестициди и на прекумерна колична вештачко ѓубре ја загадува околината, ама сепак тоа го спасува човештвото од милиони, ако не и милијарди случаи на смрт поради глад. Така да оние кои се залагаат сета храна да биде произведувана на органски начин треба да се обидат да преживеат со малите приходи на луѓето кои сега успеваат да се прехранат само затоа што имаат пристап до ефтина храна.

    Да, кога ќе стигнат до седмата деценија од животот голем дел од нив ќе добијат најверојатно некаков рак поради таквата храна, ама барем ќе стигнат до таа возраст, и нема да умрат од глад на половина од тие години!

    Ако некој сака да јаде органска храна – во ред, нека си ја плати од свој џеб. Но нека не бара сите да смеат да јадат само органска храна, оти има луѓе кои тоа не можат да си го дозволат финансиски. И воедно, нека не кажува дека тоа е еколошки пристап, оти не е. За да се произведе доволно органски одгледана храна за сите луѓе кои живеат во денешниот свет – ќе треба практично сите шуми на планетава да се исечат за да се обезбеди доволно земја за сите потребни нови ниви и пасишта….“

  3. 3

    ljupco

    Господине Игор, ако при транспортот на органските продукти се испушта СО2, тогаш како луѓето ги транспортираат продуктите од конвенционалното земјоделие? на раце или на магариња? А за сертификатите за органското земјоделие и не е фер едните дополнителни трошоци да имаат за сертификати и да ги контролираат, додека другиве си играат лабораторија со секакви отрови.
    А за господинот Нено Богдан само една мала информација, во Македонија има 600.000 хектари непипната земја спремна за секаков вид на земјоделие, нема потреба од сечење на шуми….

    1. 3.1

      Игор Мишевски

      Почитуван Љупчо, благодарам на коментарот. Значи поентата е наместо органски банани од Уругвај – домашни тикви од локално производство. Разликата е голема ако едните се носат со бродски или авионски превоз. Или ако сакате било кој друг производ пр. боровинки органски да речеме од Португалија, за да дојдат тука ќе емитираат CO2 споредено со локалните.
      Работава е да се вратиме на основите, на довербата и да ги подржиме локалците.

  4. 4

    ljupco

    Супер ви е идејата за локално произвоство, а уште поубаво би било место локално конвенционално, локално органско производство, сепак голема е разликата во квалитетот на производот, и односот спрема животната средина. А уште кога ќе се спојат технологијата / науката со природното, органско производство, не би рекол дека приносите ќе се толку мали да умираме од глад како што тврди погоре во коментарите Нено Богдан. Благодарам што одговоривте на мојот коментар.Поздрав

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency