Топлинската енергија која што е акумулирана во подземните води се нарекува хидрогеотермална енергија. За подземните води да се сметаат за топлински извор потребно е нивните температури да бидат поголеми од 10 Целзиусови степени. Геотермалната енергија спаѓа во обновливите извори на енергија и во различна мера е присутна насекаде. Со самото тоа нејзината употреба е еколошки најоправдана, а економски се смета за најповолна затоа што нѝ доаѓа бесплатно.
Топлинска пумпа
Топлинските пумпи се уреди со чија помош топлинската енергија се пренесува од една во друга средина. За тој пренос потребно е да се потроши и одредена енергија која е за неколку пати помала од пренесената. Гледано од аспект на инвестицијата во топлинската пумпа може да се каже дека таа се користи прилично рационално, лете за ладење, зиме за греење на просторот. Така на пример, кај топлинската пумпа ГЕОТЕРМ 18 се вложува електрична енергија од околу 5 kWh за на излезот да се добие вкупна топлинска енергија од 18 kWh. Топлинската пумпа работи на истиот принцип како и фриждерот, но освен што може континуирано да лади може и континуирано да грее. Во неа има фреонски гас кој постојано се претвора во пареа и кондензира. Кога ја менува состојбата добива на ефикасност. Големи количини на топлина се одземаат или емитираат кога гасот ја менува состојбата во течна и обратно. Ефикасноста на геотермалната енергија е во тоа што таа употребува стабилна температура во земјата како топлински извор и на тој начин гасот разменува топлина со водата која циркулира во земјата. Ефикасноста на топлинската пумпа зависи од изворот на температурата. Температурата на земјата е константна и тоа е она што ја прави геотермалната топлинска пумпа поефикасна од воздушна топлинска пумпа.
Предности на геотермалниот систем за греење и ладење
Преку 70% од енергијата потребни за загревање на просторот се добива бесплатно од подземните води во текот на целиот век на експлоатација на топлинската пумпа. Подниот систем за греење и ладење во комбинација со топлинската пумпа и сончевите колектори е засега најеколошки начин на употреба на енергијата. Топлинската пумпа се вклучува на почетокот на грејната сезона и се исклучува на крајот. Со тоа се постигнува подобар енергетски учинок и просторот е загреан на саканата температура во текот на целиот период. Истото важи и за ладење на просторот. Подното греење овозможува порационална употреба на просторот затоа што нема потреба за поставување на радијатори. Тоа нуди можности за максимално прилагодување на ентериерот според потребите и визуелниот впечаток. Пријатна топлина во секој дел од куќата овозможува температурата на просторот да се намали за два до три степени во однос на останатите класични системи на греење. Намалувањето на температурата на просторот за просечно 1 Целзиусов степен носи енергетска заштеда од 5 до 6%. Со еднократна инвестиција се решава и греењето и намалувањето на просторот Топлинската пумпа обично работи од 15 до 20 години без потреба од поголема поправка или замена. Споредбата на цените на топлинската пумпа и подното греење и ладење со котларски и радијаторски систем покажува дека првата опција е незначително поголема од класичниот систем. Заштедата на горивото е долгодишна продобивка, особено кога ќе се земе предвид трендот на поскапувања на цените на сите горива. Рамномерното загревање на целиот простор доведува до минимално струење на воздухот со што драстично се намалува присуството на прашина во воздухот што ги смалува или елиминира алергиските потешкотии. Температурата од 22 – 27 степени не предизвикува никакви здравствени проблеми и овозможува носење на лесна и удобна облека.
Кога се одлучува за вградување на топлинска пумпа и поден систем за греење и ладење?
Најповолен момент за одлучување е на почетокот на проектирањето на новиот објект. Тогаш инвестицијата е најмала, а резултатите најдобри. Кај постоечките објекти системот на греење најдобро е да се промени ако се планира или изведува темелна реконструкција, поправка или адаптација. Ако во објектот постои незадоволителел систем на греење или горивото е прескапо, преоѓањето на геотермална енергија е најскапото решение, но се добива и најквалитетното решение и трајно задоволство.
Кои објекти се погодни за греење и ладење со геотермална енергија?
Сите објекти кои се градат на локации каде што се претпопставува или се знае дека постојат подземни води се идеални за овој тип на греење. Училишта, домови за стари лица, хотели, индустриски објекти, станбени објекти како и објекти во кои е пожелно да не се гледаат грејните тела. Исто така, големи сали, покриени трговски центри, спортски објекти и производни и магацински простории со големи површини и просечно пониски температури.
2 Comments
Ѓорги
Почитувани,
Јас сум инвеститор и во фаза сум на проектирање на деловно-стамбен објект .Објектот ќе се гради во реонот на Граничниот премин Богородица ( Ѓевгелија).Има катност П+2 ( деловни простории:ординација,козметички салон) плус поткровје -станови.Вкупната поврешина е 1200 м2.Планирам загревањето(ладење ) да биде со геотермални пумпи.
ПРАШАЊЕ:Која фирма во Македонија врши бушење и инсталирање на опремата? ВЕ МОЛАМ упатете ме кој може најквалитетно да ја заврши оваа работа по системот клуч на рака.
Однапред благодарам
Ѓорги
Aleksandar Atanasovski
Рехау и Фонко се двете фирми кај кој треба да се обратите. Лесно ќе најдите контакт податоци за нив ги има речиси во секој директориум за фирми како што е златна книга и др.