Тим на научници од универзитетите во Минесота на чело со професорот Ричард Џејмисон се одговорни за пронаоѓањето на нова технологија која спонтано ја претвора топлинската во електрична енергија без потреба од термоелектрични претворачи. Наодите од неговите ипитувања можи да се најдат во едно од изданијата на Advanced Energy materials. Според многу експерти оваа технологија може да го отвори патот за производство на енергија од отпадната топлина во индустриските процеси. Додека други одат уште подалеку тврдејќи дека со оваа технологија би можело да се произведи енергија од температурни промени во океаните т.е. да се искористи промената на температурите на различни длабочини. Земајќи во предвид дека за да се покрени целиот процес потребни се мошне мали температурни промени неговата примена би била возможна и во морски региони како што е медитеранот каде нема големи температурни промени на различните длабочини.
Целиот процес е базиран на посебните својства на нова метална легура која е составена од никел, кобалт, калај и манган. Она што е интересно е што со мала промена на температурата легурата од немагнетизирана се претвора во високо магнетизирана магнетна легура. Така изменетото магнетно поле произведува електрична енергија. Најпрво се очекува да ја најди својата примена во постоечки индистриски постројки и термоцентралите каде што има големи количини отпадна топлина која би била трансформирана во електрична енергија. Исто така се смета дека оваа технологија би ја нашла својата примена и во подобрувањето на перформансите кај хибридните автомобили на тој начин што отпадната топлина која ја произведуваат би можела да се искористи за полнење на нивните батерии. Иако во овој момент се е на експериментално ниво научниците се убедени дека првите комерцијално применливи системи би можеле да излезат на пазарот во следните неколку години.