РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
Врз основа на точка 1 од дел IV од Програмата за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2015 година (“Службен весник на Република Македонија” бр. 196/14, Министерството за економија
објавува ЈАВЕН ОГЛАС
за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства за 2015 година
- Опис на јавниот оглас
- Министерството за економија со цел за стимулирање на користењето на сончевата енергија во Република Македонија, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 31 мај 2015 година, ќе им обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на сончеви термални колекторски системи до 30 %, но не повеќе од 300 евра во денарска противредност под услов купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на сончеви термални колекторски системи во својот дом врз основа на претходните Јавни огласи на Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи објавени во 2007, 2009, 2011, 2012, 2013 година и 2014 година.
- За времетрањето на огласот, најмалку два пати ќе има известување за јавноста на национална телевизија.
- На 6 јуни 2015 година во просториите на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала Борис Трајковски ДООЕЛ, Скопје ќе се одржи јавно извлекување на лицата кои ќе може да се стекнат со правото на надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор. За времето и местото на извлекувањето Министерството за економија ќе даде дополнително соопштение кое ќе биде објавено во три дневни весници и на национална телевизија со кое сите баратели ќе бидат поканети на јавниот настан. Секој барател кој има доставено барање за надоместување на дел од трошоците има право доколку сака да присуствува на јавното извлекување
1.4 За спроведување на активностите за реализација на Програмата и овој Јавен оглас министерот за економија ќе формира пет комисии кои ќе бидат составени од три члена и нивни заменици.
- Барање за искористување на правото на надоместок
- Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат купувачите кои ќе ги купат и вградат во своите домови соларните колектори по денот на објавувањето на овој оглас заклучно со 31 мај 2015 година, кои го немаат искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на сончеви термални колекторски системи согласно точка 1.1 од овој оглас и кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото на надоместок.
- За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите од дел 2.1 на овој оглас се исплонети, барателот до Министерството за економија ги доставува следните документи:
- пополнет образец за барање (кој во себе содржи изјава дека барателот го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за обезбедување и вградување на сончев термален колекторски систем врз основа на претходните Јавни огласи на Министерството за економија во 2007, 2009, 2011, 2012, 2013 и 2014 година). Барањето задолжително треба да биде поднесено на образецот на барањето кое може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: шш^.есопоту.доу.тк.
- доказ во оригинал дека е извршено купувањето на сончев термален колекторски систем, и тоа:
- фискална сметка, или
- фактура со извод од деловна банка по денот на објавувањето на огласот.
Доколку купувачот достави доказ во оригинал за направените трошоци за вградувањето на соларниот колектор (фискална сметка или фактура со извод од деловна банка по денот на објавувањето на овој оглас), истите ќе му бидат земени во предвид при утврдување на надоместокот на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колектори.
- Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок.
- Купувачот на сончев термален колекторски систем, барањето за искористување на правото на надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во ЗАТВОРЕН ПЛИК до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15 по пошта, или во архивата на министерството, секој работен ден од 9:30 до 15:00 часот.
- На пликот треба да стои: ОГЛАС ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА К.УПЕНИ И ВГРАДЕНИ СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ 1ШЛЕКТОТРСКИ СИСТЕМИ ВО ДОМАЌИНСТВА ЗА 2015 ГОДИНА, ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И АДРЕСА НА БАРАТЕЛОТ.
- Јавно извлекување на добитниците
- Комисиите по пристигнувањето на сите барања за надомест на дел од трошоците доставени за времетраењето на јавниот оглас со записник ќе го утврдат точниот број на пристигнати барања. Пристигнатите коверти во присуство на сите членови на комисиите ќе бидат ставени во унифицирани коверти на Министерството за економија
- Извлекувањето ќе се одвива на следниот начин:
- извлекувањето ќе биде снимено и за истото Министерството за економија ќе има видеозапис и секој заинтересиран барател има право да побара увид во видеозаписот од извлекувањето за што треба да достави писмено барање до Министерството за економија.
- унифицираните коверти во присуство на сите членови на комисиите ќе се стават во посебен сад.
- лицето кое го врши извлекувањето, секој извлечен коверт го предава на една од Комисиите.
- претседателот на секоја одделна комисија го соопштува името на барателот, по што комисијата пристапува кон проверка на документите доставени од страна на барателот и соопштува дали барањето е во согласност односно не е во согласност со условите и барањата од оваа програма.
- за времетрање на извлекувањето ќе се составува листа која ќе содржи податоци за извлечениот барател, за износот на надоместокот и за персоналниот данок на добивка.
- во оној момент кога ќе се извлечат барателите чиј збир на износот на надоместоци и на износот на персоналниот данок ги ангажира средствата наменети за оваа намена, ќе заврши извлекувањето на барателите кои имаат комплетна и уредна документација, по што ќе следи отварање на ковертите и читање на имињата и презимињата на останатите баратели.
- листата на извлечени баратели кои имаат уредна и комплетна документација за времетраењето на извлекувањето ќе биде достапна на видеобим на местото на извлекувањето
- листата на извлечени баратели кои имаат уредна и комплетна документација ќе биде објавена на веб страната на Министерството за економија најдоцна во рок од десет дена од денот на извлекувањето.
- Избраните лица кои немаат уредна и комплетна документација нема да го остварат правото на надомест.
- Министерството за економија, пред објавувањето на листата на баратели кои имаат уредна и комплетна документација, ќе ги провери извлечените баратели кои имаат уредна и комплетна документација дали го искористиле правото на поврат на дел од средствата врз основа на претходните јавни огласи на Министерството за економија за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи објавени во 2007, 2009, 2011, 2012, 2013 и
- година. Доколку се констатира дека некои од извлечените баратели кои имаат комплетна и уредна документација веќе го искористиле правото на надомест истите нема да го остварат правото на надомест за
- година.
- Министерството за економија по објавувањето на листата на баратели кои имаат уредна и комплетна документација и по извршената проверка од точка 3.4. на овој Јавен оглас, во рок не подолг од четири месеци од денот на јавното извлекување по случаен избор ќе направи увид на лице место во 100 домаќинствата и доколку констатира дека соларниот термален колектор не е инсталиран во тој случај извлечениот барател кој има комплетна и уредна документација нема да го оствари правото на надоместок.
- Средствата наменети за извлечените баратели кои имаат комплетна и уредна документација за кои по извршената проверка ќе се констатира дека веќе го искористиле правото на надомест во 2007, 2009, 2011, 2012, 2013 и 2014 година како и средствата за барателите за кои по извршениот увид на лице место се констатира дека соларниот термален колектор не е инсталиран ќе се вратат во Буџетот на Република Македонија.
- По завршувањето на увидот на лице место, Министерството за економија ќе изготви финална листа на баратели кои го остваруваат правото на надомест на дел од средствата за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2015 година, по што ќе следи исплатата на средствата.
- Начин на остварување на правото на надоместок
- Министерот за економија ќе донесе Решение за исплата на средства, во износ од 30 % од средствата потрошени за купување и вградување на соларните колектори во своите домови, но не повеќе од 300 евра, доколку утврди дека се исполнети условите од овој оглас.
Извор: Министерство за економија
2 Comments
Esat Abdiji
Blagodaram za informacijata za И ова година продолжуваат субвенциите за купени сончеви колектори. isto taka bi sakal da znam kolkava e cenata za kolektor i bojler za edna 3 spratna kuka so rabotna raka. Pozdrav.
Aleksandra
Odlicna vest!
Dali treba da se prilozi originalnata fiskalna smetka ili moze kopija od istata?
Blagodaram