Радијаторите претставуваат грејни тела кои ја зрачат топлината преку топлата вода која поминува низ нив, па затоа влијанието на самата допирна површина како во внатрешноста така и во надворешноста на радијаторот имаат големо влијание на ефиксноста на истиот.
Најчесто користени радијатори кај нас се панелните радијатори и алуминиумските радијатори.
Она што е интересно е прашањето кој од овие радијатори подобро грее?
Но, одговорот не зависи од видот на радијаторот туку од неговата големина (допирните површини) и просторот кој треба да се загрее.
Основните разлики помеѓу панелен и алуминиумски радијатор
Сега да видиме неколку разлики помеѓу нив,
■ Материјалот од кој се изработени. Панелите се изработени од челичен лим, додека алуминиумските се изработени од алуминиум.
■ Цена. Со денешните пазарни цени, алуминиумскиот радијатор е речиси двојно поскап од панелниот радијатор.
■ Панелниот радијатор побргу се загрева во однос на алуминиумскиот, но и побрзо се лади.
■ Дизајн. Алуминиумскиот е составен од повеќе ребра кои се споени додека панелниот претставува цел панел со различни должини.
■ Кај алуминиумскиот радијатор постои можност на додавање на поголем број на ребра или намалување на истите, во зависност од потребите или во случај на некој дефект. Кај панелниот таква можност немаме.
Внимателно при избор на овие радијатори
Треба да се внимава на оние таканаречените “light” радијатори кои ги има и во облик на панелни и во облик на алуминиумски радијатори.
Овие “light” радијатори визуелно се еднакви со останатите радијатори но имаат разлика во својата моќност односно капацитет. Помала моќност доведува до помало зрачење на топлина, тоа значи и послабо греење односно помалку топлина во просторијата во која се наоѓаш.
Овие “light” радијатори можете да ги препознаете на следниов начин:
■ Кај панелните таа разлика може да се забележи во внатрешниот дел на изменувачот кој е составен од лимени крилца наречени ламели . Ламелите се направени пократки, односно не се од горе до доле во внатрешноста на радијаторот. Тоа може да се забележи ако се заврти радијаторот од долната страна или пак се провери неговата тежина.
■ Кај алуминиумските тоа пак може да се забележи ако се спореди длабочината на радијаторот односно на реброто. Полесните или пократките ребра доаѓаат со длабочина од 8 сантиметри, додека под стандардни се подразбираат следниве димензии на едно алуминиумско ребро, ширина 8 см и длабочина од 9,5 см.
■ Бидејќи тие ребра се поплитки , имаат помалку материјал во нив и нормално помала моќност. Ова лесно може да се забележат според тежината, бидејќи “light” радијатори се полесни.
На почетокот рековме дека кај сите радијатори важна е големината на површината на телото. Колку повеќе ламели или контакти има со воздухот толку и повеќе топлина ќе се пренесе во просторијата која што се загрева.
Она што треба да се знае е следново:
■ На пазарот радијаторите со стандардна и помала тежина трговците најчесто ги продаваат по иста цена со оние кои дваат поголема моќност. Инвеститорите кои ги купуваат полесните радијатори најчесто не знаат дека купуваат помала моќност, но и незнаат дека во ваков случај губат и пари. За да се надокнади таа разлика во моќноста односно да се добие саканата топлина, во тој случај од овие радијатори морате да купите повеќе ребра или поголем панел. Тоа значи дека целата инвестицијата непотребно ви се золемува.
Кажано со други зборови, за исти пари добивате помала моќност. Цената најчесто им е иста со стандардните радијатори, но во моќност е послаба за околу 10%.
Совет, при донесување на одлука за купување на радијатори добро проверете ја техничката документација на истите.
Текстот напишан од страна на Саша Стојановиќ директор на ТЕРМО СИСТЕМ
One Comment
Димитар
Дали ќе може да ме известите колку е рокот на траење на панелните и алуминиумските радијатори.
Имам информации дека алуминиумските траат двојно повеќе од панелните. Па ме интересира дали ова е точно или не.