Многу пати се зборува за алтернативни начини за снабдување со топла вода од обновливи извори. Една брилијантна идеја е искористување на топлинската енергија која се ослободува од компостирањето. Компостирањето е процес во кој покрај крајниот производ – компост и гасовите (CO2 доколку се работи за аеробно и CH4 доколку се работи за анаеробно компостирање) се произведува и топлина која не се користи. Доколку се одржува односот на Јаглерод и Азот 1:1 во био масата, компостирањето е одлична можност за производство на топлинска енергија која понатаму може да се користи за различни начини.
Могилата на Пејн (Pain Mound) е голем куп на дрвена биомаса или мулч (струготини, отпадоци од дрва). Измислен од страна на францускиот земјоделец Жан Пејн во 1970-тите, кој поставил цевки низ која течи вода за загревање во куп од дрвен чипс и струготини, опкружен со прстен од бали сено за структура и изолација. Како Купот се разградува (компостира) се произведува топлина која се пренесува преку топловодниот систем. Могилата на Пејн може да произведува топлина до 18 месеци, по што остатоците (хранливи состојки и хумус) може да се користи за подобрување на составот на почвата. Според Wikipedia (https://en.wikipedia.org/wiki/Jean_Pain) ваквиот систем за кој Пејн добил награда всушност преставува анаеробно компостирање на дрвените опадоци, при што во затворен систем се добива метан.
Поедноставен систем би бил системот кој може да се најде на Instructables каде се објаснети чекорите за истиот систем, кој во случајов произведува топлинска енергија. Разликата е во тоа што тука се работи за аеробно компостирање, со што поставувањето на цевки кои ќе доведуваат воздух се од големо значење.
Извори:
https://www.instructables.com/id/Compost-Heating-System/?ALLSTEPS
https://www.motherearthnews.com/renewable-energy/compost-water-heater-zmaz81jazraw.aspx#axzz30vMuTDTY