Кога зимата ќе дојди во јужната Германија, Франц Фреундорфер не се секира за тоа колку јака зима ќе биде и колку дрва ќе потроши за да ја загрее својата куќа.
Неговата куќа со вкупната површина од 175 метри квадратни сместена во местото Обербајерн, место во непосредна близина на Австрија, троши вкупно 3 кубици дрва во текот на зимски период! Оваа количество на дрва се користи за самото греење на објектот како и за догревање на топла санитарна вода. За споредба доколку Франц живее во куќа соградена според конвенционалните принципи на градење, истата ќе трошеше околу 10 пати повеќе дрва за истите потреби.
Франц, како инженер специјализиран за енергетска ефикасност, не се двоумеше за тоа да ли да согради пасивна куќа или не. Самата куќа ја има изградено уште пред 6 години и го кошташе околу 30.000 €. Ѕидовите на овој објект се изолирани со целулоза, прозорците се енергетски ефикасни а системот на вентилација е автоматизиран.
На прашање да ли пасивната куќа има некои недостатоци, Франц само одмавнува со раката – нема никакви недостатоци. Единствен недостаток е мал број на архитекти кои се запознаени со самата технологија на изградба на пасивна куќа.
Проектот на Интелигентна енергија на Европа – PASS-NET, воден од страна на Герхард Бајер, има за задача да ги популаризира пасивните куќи во европската унија. Дел на проектот е и изработка на база на податоци на изградени пасивни куќи во ЕУ. Досега базата содржи податоци за околу 2.300 изградени пасивни објекти во 16 различни држави.
Најтешката задача која што го има проектот е да воведе заеднички стандарди за пасивно градење кои што ќе важат во сите држави членки на ЕУ. Според раководителот на овој проект, политичарите имаа клучна улога во воведување на заеднички стандарди за пасивно градење. Сегашните правила се различни за секоја држава дури и кај оние држави кои што се во непосредна близина како што се Австрија и Унгарија.