Повеќе пати пишувавме за пелети како потенцијален бизнис. Конкретен пример, на успешноста на овој бизнис го најдовме кај комшиите. Имено српската компанија „Мираја“,според Стопанската комора на Србија една од сто најуспешни српски компании, успешно произведува пелет, а дури 90% од вкупното производство се извезува во Европа.
Сопствениците на оваа компанија со сопствени средства го започнаа производството на пелет и вработија 25 работници. Но тука не застануваат плановите на оваа компанија – до крајот на јуни ќе го прошират производството и ќе вработат уште десет нови работници.
Пелетите се пакуваат и продаваат во вреќи кој што собираат 15 килограми на овој енергент. Дневно се произведува околу 30 тони на оваа еколошко гориво. Основната суровина за добивање на пелет е дрвната биомаса.
„Со модерната дробилка суровината се иситнува, а потоа иди на линија за пелетирање, на која што се дополнително суши. Потоа, на пневматската линија, суровината се дополнително ситни и се добиваат пелетите, кој што се ладат и пакуваат.“ изјавува директорот на производството Зоран Старчиќ, додавајќи да енергетската ефикасност и економичноста на пелетите се основни придобивки на оваа гориво.
„За да загрееме стан кој што има површина од 80 метри квадратни, потребна ни е една вреќа на пелети, поточно 15 килограми на пелет, или околу 6000 динари на месечен ниво (≈55 евра)“, изјавува Старчиќ.
Производството на пелети започна пред шест месеци. Погонот вработува 25 работници, од директор на продажба до други работници, кој што се преземени од Националната служба за вработување. Работат во три смени седум дена во недела.
Ивица Максимовиќ, долго време чекаше да се вработи а во „Мираја“ работи како контролор на производство. Тој лично е презадоволен од условите на работа, со примањата и со организацијата на работата.
„Планираме да го дуплираме производството и на дневен ниво да произведуваме околу 60 тони на пелети. Се подразбира да доколку сакаме да го дуплираме производството ќе мораме да инсталираме уште една производна линија.“, изјави Милојко Јаниќ директорот на „Мираја“.
До сега е договорен извоз за Швајцарија, Италија, Грција, Македонија и Црна Гора – 90% од вкупното производство.
Извор: rts.rs
One Comment
Игор
Незнам која е математиката за увоз на пелети во Македонија, или за нивно производство тука кај нас, кога со оваа политика на владата да го чува кубикот дрва по цена од 2-3000 денари (поради невработеноста), суровина БРОЈ 1 за греење ви е сеуште дрвото. Која е цената за 1kW енергија добиена од пелети, а која е за од дрва?