Пред една недела се случи голем пожар во планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер. Од домот кој што е изграден уште во далечната 1937 година, остана само чад, пустош и голи ѕидови…. Со еден збор Пелистер и сите љубители на природа во Македонија загубија место за одмор и рекреација. Оние кој што со години и со децении се дружеа со планината не можат да поверуваат што се случи со Копанки.
По оваа прилика да упатиме апел на сите луѓе, бизниси и институции, да со здружени сили, повторно да се изгради украсот на Пелистер, планинарскиот дом „Копанки“.