Искористувањето на плимата е еден од поновите начини за производство на електрична енергија кој до скоро беше маргинализиран споредено со другите видови на обновливи извори на енергија. 30 метарска турбина закотвена на морското дно близу брегот на Шкотска е само уште еден доказ дека морскита плима се наметнува како сериозен и постојан извор на електрична енергија. Прелиминарните испитувања беа успешно завршени во водите кај островите Оркни (Orkney Islands ). Пробната турбина која е со капацитет од 1 мегават успешно и во контиунитет произведуваше доволно енергија за околу 500 домови и бизниси. “Многу сме задоволни од иницијалните резултати од испитувањата и веќе го тестиравме полниот капацитет на истата” изјави Алан Мортимер, шефот на тимот за иновации при агенцијата која стои позади проектот (Scottish Power Renewables).
Иако ова не е единствен проект од овој вид се очекува да биди најголем проект на подводни турбини во светот со оглед дека се предвидени во склоп на истиот да има доволно турбини за напојување на повеќе од 5.000 домови. Слични проекти се изведени близу бреговите на Норвешка и Англија. Бреговите на Чиле, САД, Канада и Аргентина се смета дека имаат доволно силни струи за придвижување на ваков вид подморски турбини. За разлика од т.н. Офшор фарми овој вид на турбини се комплетно скриени и не можат да се видат.
Најголемите критики за овој вид на турбни дојдоа од здрженијата за заштита на морскиот свет кои изразија сомнежи дека тие би можеле да влијаат врз еко системите. Сепак според Алан Мортимер нема простор за загриженост со оглед дека пропелерите се движат со мошне мали брзини и преставуваат минимална опасност по морскиот свет. Без разлика на овие сомнежи кои се покренати од одредени здруженија најголемата пречка за развој на овој проект се иницијалните трошоци кои изнесуваат околу $11 милиони по турбина.
Противниците на оваа технологија тврдат дека поради големата цена за инвестирање подобро е да се инвестира во нуклеарна или централа на јаглен одколку во овааа технологија. Сепак експертите се согласуваат дека секоја нова технологија иницијално е скапа и дека со нејзиниот развој се очекува да се намалат иницијалните големи трошоци. Проценките се дека електричната енергија од морските струи крај брегот на Велика Британија е доволна за задоволување на 10% од нејзините потреби за електрична енергија.