Доколку сакате висок засводен таван и карактер на готска катедрала преполна со природни светлости, припремите се да бидете занесени од овај дом инспириран со црковната типологија во Шведска. Вила Бондо е дело на архитектонското биро Kjellgren Kaminsky Architecture и нуди преубав поглед на езеро низ ѕидот кој што е во потполност застаклен.
Структурата обложена со дрво е изградена спрема плус-енергетски стандарди и вклучува употреба на еколошки материјали и LED осветлувања.Куќата со површина од 250 квадратни метри е сместена во брезова и борова шума на обемот на шведскиот град Гетебург.
За да се зголеми погледот на соседното езеро Гравсјон,архитектите поставиле големи стаклени површини кои нудат панорамски погледи на пејсаж. Троспратни дом е покриен со материјалот Rheinzink и обложен со вертикално поставени даски.
Семејната куќа делумно е закопана под земја, со три од четири спални соби кои се наоѓаат на долното ниво. Горното ниво се состои од отворена дневна соба, додатна спална соба,гаража и импресивна кујна и трпезарија кои се наоѓаат покрај стаклен ѕид со спратна висина кој овозможува поглед на езерото. Минималистичкиот ентериер и црно-белата палета на боја е нагласена со неколку живописни обоени детали како уметничко дело во кујната. Отворената тераса на покривот се наоѓа на највисоко ниво пред стаклената површина со полна спратна висина.
Извор на текстот и фотографии: gradjevinarstvo.rs