Првата асоцијација на плута е сигурно вино поточно капачето направено од плута. Но плута е исто така добар природен изолационен материјал. Плутата е во целост обновлив материјал кои што се добива од посебно дрво – даб (Quercus suber). Овој посебен вид на даб расти во Шпанија, Португалија, Италија, Франција, Алжир, Туни и Мароко. Плутата се добива со симнување на надворешниот слој на кората, додека самото дрво не се оштетува. Овие слоеви се симнуваат на секои 9-15 години. Најстариот даб за добивање на плута е засаден уште во 1783 година во Португалија и се уште се користи за добивање на плута.
Плутата содржи околу 40 милиони ќелии по еден кубен сантиметар. Овие ќелии се исполнети со воздух (50%) така да претставува идеална звучна и топлинска изолација, а исто така е добар материјал за правење на подни облоги. Во последно време поедини производители на подни облоги ја комбинираат плутата со рециклиран гумен гранулат. Подовите од плута се произведуваат како плочи или штици, кои што можат да се лепат на самата подлога каде што ќе се постават.
Бидејќи плутата е отпорна на влага и не ја апсорбира прашината, па од овие причини е идеална подлога за оние луѓе кои што патат од алергии. Тешко согорува, антистатична е, го пропушта воздухот, инсектите не ја напаѓаат и како што рековме на почетокот плочите од плута се одлучен звучен изолатор. Има идентични термо изолациони карактеристики како и стиропор – топлинската спроводливост на стиропор од 100 mm се движи околу 2,5-3 m2K/W додека кај плочите од плута се движи од 2,5 m2K/W
Бидејќи плутата е природен еколошки и биоразградлив материјал, истиот не ја оптоварува животната средина а животниот век на овие плочи е и по неколку децении.
Но покрај овие позитивни карактеристики, плутата има и одредени недостатоци. Пред се висока цена на овој материјал, како и фактот дека плутата ја добиваме на секои 5-10 години.
Иако е плутата еластичен материјал, не е отпорна на поголеми оштетувања – така да доколку се оштети ќе морате да ја смените целата инсталираната плоча.
Доколку се одлучите за плута избравте издржлив, пријатен, еколошки но и скап материјал кои што не бара големи одржувања.
Извор: Еко куќи