По повод на на Светскиот ден на животната средина на 05 јуни 2014 во Скопје а на 06 јуни во Битола ќе се одржи настанот под име „Погребна поворка“ за белите дробови. Настанот е организиран од страна на НВО Еко Свест од Скопје, НВО Биосфера од Битола, Дебатното Кино Контра Кадар од Битола и порталот за Енергетска ефикасност.
Во Скопје манифестацијата ќе се одржи на 05 јуни 2014 година со почеток во 11:00 часот пред меморијалниот музеј на Мајка Тереза.
Во Битола истиот настан ќе се одржи на јуни година со почеток од 11:00 часот на плоштад Магнолија. Белите дробови ќе прошетаат низ Широк Сокак од 11:30 до 12:00 часот.
По настанот од 20:00 во организација на Дебатното кино Контра Кадар ќе се организира проекција на филмот за најзагадениот град на светот.