Еве спремивме уште еден текст во врска со надворешна изолација. Сите знаеме дека добрата термо изолација го штити нашиот дом од претераното греење во летниот период и од топлински загуби во зимскиот период. Покрај квалитетните материјали кој што треба да се постават, исто така е значајно како истите да бидат поставени. Еве ги чекорите на поставување на топлинска изолација.
Првиот чекор: Припрема на подлогата
Подлогата треба да е сува, чиста и без прашина. На објектите на кој што веќе има фасада, потребно е да се провери носивоста на стариот малтер. Она што треба да се направи е да се елиминираат оние делови кој што отпаѓаат како и сите други неносиви делови. За да добиеме рамна подлога, сите дупки да се исполнат со обичен малтер. По направената припрема на подлогата, да се постави почетниот алуминиумски профил кој што треба да се прицврсти со типли.
Вториот чекор: Нанесување на малтер за лепење
Се препорачува користење на полимерно – цементно лепило кое што се нанесува на плочи. Лепилото треба да се нанеси на минимум од 4% на површинската плоча.
Третиот чекор: Лепење на плочите
Плочите од камената волна се поставуваат една до друга со притискање на плочата на која што е нанесено лепилото. Од време на време со рамна летва, со соодветна должина да се провери дали плочите стојат рамно во однос на ѕид.
Четвртиот чекор: Прицврстување на плочите со типли
Од зависност на локацијата на објектот, неговата височина, конфигурација на теренот околу објектот се препорачува поставување на 6-8 типли на еден метер квадратен. Посебно внимание да се насочи на аглите на објектот на кој што треба да се постави од 8 – 12 типли по еден метер квадратен.
Петтиот чекор: Поставување на аголен профил со мрежа
За да се зајакне фасадата на аголните делови на објектот треба да се постави аголен профил со мрежа. За да се спречи пукањето на фасадата се предлага додавање на дополнителна трака од стаклена мрежа со димензии 20 x 40 cm пода агол од 45ºC во однос на хоризонталата.
Шестиот чекор: Нанесување на лепилото
На самата површина на плочите од стаклената волна, се нанесува првиот слој од полимерен – цементен лепило. Во свежо поставениот лепило се поставува мрежа од стаклени влакна. По поставувањето на мрежата се нанесува и вториот слој од лепилото.
Седмиот чекор: Поставување на завршниот слој на фасадата
На осушеното лепило, според упатството на производителот се нанесува соодветна подлога на завршниот слон на фасадата. За завршниот слој се препорачува силиконски, минерален или слој од силикат. Бојата ја избирате според тон картата на производителот на малтерот.
Сигурно во текстот постојат грешки, но пак би ги замолил читателите да ги споделат своите искуства, препораки и совети.
2 Comments
vladymir
Odlicno , moze li sega za vnatresna izolacija ?
Vasko
Imam odlicna izolacija nadvoresna, ama mi se pojavi problem vo zimo mi se pojavuva kondezacija po podot , ispod stvarite (trosed,dvosed i dr.),
Mozete li da mi objasnite od sto e? Odnapred vi blagodaram