Република Македонија не располага со резерви на фосилни горива, па логично е да се сврти кон обнвливите извори на енергија. Но во овој случај некои од технологиите не се развиени (созреана технологија) до тој степен да пружаат брз поврат на инвестицијаата и поради тоа се ризични за инвестиции. Предвидените 8 MW на соларни паркови иако се добра основа, сепак влагуваат како мал процент на производството на енергија.
Доколку ги разгледаме сите останати технологии, кои се применувани и можат да се применат кај нас, можеме да заклучиме дека когенеративните Термоелетрани – Топлани на природен гас се брзо стартни проекти (3 години со планирање) кои произведуваат ефтина електрична енергија. Таква ТЕ-ТО е веќе изградена и функционира во населбата ќерамидница во Скопје.
Изградбата на вакви централи е поврзана со развој на гасоводниот систем, но исто така, ова може да биде решено со гасоводи финансирани од инвеститорот на електраната. За таа цел се одлучивме да ги разгледаме потенцијалите на изградба на вакви ТЕ-ТО во Република Македонија.
Во екот на предизборието ги рагледавме двете програми на коалициите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ (баравме и на партијата ДОМ која по правило треба да нуди зелени решенија но не најдовме никаква програма, и претпоставивме дека одат со програмата на коалицијата). За жал ВМРО ДПНЕ не предвидува изгадба на ваква електрана, иако истата може да задоволи голем процент од енергијата која се увезува.
Во својата програма СДСМ предвидува изградба на нова гасна електрана ТЕ-ТО Куманово – нова комбинирана когенеративна електрана со инсталирана моќност од 300 MW електрична моќност и до околу 150 MW топлинска моќност, со производство на околу 24% од сегашните потреби на Македонија од електрична енергија.
Со горната планирана електрана ќе се задоволат потребите на теоплинска енергија во Куманово, но и ќе се елиминира дефицитот на енергија во нашата држава. Позитивен аспект е Гасоводот кој поминува низ Куманово и можно е лесно поврзување на овој енергенс со електраната.
Изградба на нова гасна електрана ТЕ-ТО Струмица – нова комбинирана когенеративна електрана со инсталирана моќност од 200 MW електрична моќност и до околу 60 MW топлинска моќност во Струмица е алтернатива која може да биде вметната во плановите на владата, посебно со фактот што во Струмица постојат околу 2500 хектари стакленици и пластениици кои дел од нив се затоплуваат со фосилни горива. Исто така близината на кракот од Гасоводот од Петрич, Р. Бугарија, преставува уште една можност за изводливоста на овој проект.
Генералноземено, ако се види енергетската карта на Р. Македонија, слободно можеме да кажеме дека овие два објекти во Источна Македонија се повеќе од потребни, првин поради енергетската избалансираност, второ по економскиот развој кои истиот би го пружиле.
Затоа било која нова влада треба со сериозност да ги земат и да ги разгледат овие два проекти, првиот развиен до ниво на идеја, вториот до ниво на првична префизибилити студија за лоцирање.
2 Comments
Aleksandar
Ocekuvate od partija so clenovi pravnici i po nekoj ekonomist, energetski proekti i resenija!
Ловро
Централата на гас денеска во светот се комбинират со фотоволтајчни централи , која преку ден работи на сончева енергија а ноќно време на гас и така нема прекин во континтетот на произвоство или кога преку ден треба поваќе работат заедно и се надополнуват.