Што е подобро да се направи, да се изгорат 320 килограми јаглен, или да се постават 100 m2 соларни панели?
Експериментот за потрошувачката, кој бил спроведен од еден научен весник, ги покажува предностите на обновливите извори на енергија во однос на ниските вредности на јагленот, нуклеарната енергија и природниот гас. Пресметано е колку енергија е потребна за една сијалица од 100 W да биде константно приклучена во тек на една година. Резултатите се прикажани на инфографикот подолу, но еве и краток преглед:
- Јаглен: 320 kg
- Природен гас: 65 kg
- Нуклеарна енергија: 0,16 kg
- Соларна енергија: 8 дена, 8 часа и 14 секунди од 100 m2 соларни фотоволтаци
- Ветер: 2 часа, 20 минути и 9 секунди од турбина со моќност 1,5 MW на капацитет од 25%
- Хидроенергија: 2 часа и 35 минути.
Очигледно е дека соларната и енергијата од ветрот се победници во оваа трка. Осум дена воопшто не се долг период, а и 100 m2 не е голем простор во споредба со енергијата од јагленот, нуклеарната енергија и природниот гас кои би требало секоја година одново да се снабдат, додека сончевата енергија и ветерот се бесплатни. Водата за хидро електричните централи, исто така е бесплатна, но самата централа не е бесплатна, но и градењто на нови хидроелектрани станува проблем а и ризичен потег.
Како што се движат цените и трошоците, лесно е да се процени дека користењето на сончевата енергија е апсолутен најдобар избор. Комплетната инсталација и простор за 100 m2 соларни фотоволтаци би имала почетна цена од стотици милиони долари, додека сите други инвестиции од листата би почнале од илјадници милиони долари.
Овој експеримент, исто така ја потенцира и значајната можност за ефикасност. Секојдневната потрошувачка на енергија, како што е потрошувачката за сијаличките на компјутер кои се уклучени додека истиот не е во функција за кои мислите дека не трошат толку многу, на глобално ниво имаат преголемо влијание врз потрошувачката. Податоците од минатата година покажуваат дека 19% од светската потрошувачка на енергија припаѓа на осветлувањето, што е повеќе од потрошувачката на нуклеарните и хидро елктричните централи. Па така, инвестирањето во нови сијалици и мрежи за осветлување би било многу поисплатливо отколку инвестирање во реактори, а одзема и помалку време.
Извор: https://www.forbes.com/sites/michaelkanellos/2014/10/05/a-light-bulb-shows-how-solar-and-wind-beat-coal/