Веста која што ја обележи минатата недела е сигурно, започнувањето на изградбата на првиот ветерен парк во Македонија – ветерниот парк „Богданци“. Во овој текст ќе се обидеме да кажеме нешто повеќе за овој проект.
Идејата за изградба на овој ветерен парк не е нова. Одлуката за вклучување на енергијата на ветерот како дел од портфолиото на АД ЕЛЕМ е донесена во јуни 2004 година, кога Секторот за развој и инвестиции објави Јавен повик за изработка на “Прелиминарен Атлас на ветровите за Република Македонија.“ Изработен е генерален план составен од три фази, и тоа:
1. Изработка на Атлас на ветрови за Република Македонија
2. Обезбедување на висококвалитетни мерни податоци од најповолни
локации
3. Изработка на Физибилити Студија за најповолните локации
Од крајот на 2008 година, активностите за ветерна енергија се поддржани од Канцеларијата за инфраструктурни проекти за Западна Европа IPF (Western Balkan Infrastructure Projects Facility), дел од програмата на Европска Унија CARDS. Физибилити студијата, која е завршена во 2010 година, нуди информации за физичките карактеристики, економската и финансиска изводливост, можностите за финансирање и еколошките, социјални и други влијанија на проектот, според кои, оној кој предложува би можел да донесе одлука дали да продолжи со проектот или не. Стратешката цел е воспоставување на првиот ветерен парк во Република Македонија со цел демонстрирање на производството на електрична енергија од ветерна енергија и евалуација на нејзиниот потенцијал во државата.
За својот прв проект, ЕЛЕМ си постави за цел минимално годишно производство од 100 GWh од ветерна енергија или приближно 2% од моменталното годишно производство. Пресметувањето врз основа на широко употребуваните турбини со инсталиран капацитет помеѓу 2 и 2.5 MW, големината на паркот на ветерни електрани од 50 MW е одредена за исполнување на оваа цел. Деталната евалуација на локацијата покажа дека оваа големина на паркот на ветерни електрани ја оптимизира употребата на достапниот простор и ветерните ресурси.
По прифаќање на Нацрт Физибилити Студијата, ЕЛЕМ организираше конференција за проектот во Март 2010 година и ги објави резултатите од студијата. За време на оваа конференција беа одредени првите контакти со потенцијалните финансиски институции. KfW Entwicklungsbank од Германија го покажаа својот интерес за обезбедување финансии на Паркот на ветерни електрани Богданци.
Вкупната вредност на проектот изнесува 55.500.000,00 евра, од што 41% од вредноста или 22.600.000.00 евра, е обезбедено од сопствени финансиски извори од АД ЕЛЕМ, додека 59% од инвестицијата е кредитна линија од страна на германската KfW банка во вредност од 32,9 милиони евра. Договорот за заем потпишан на 09.04.2011 година. Согласно Извадокот од 165-та Седница, одржана на 08.06.2010 година Владата на Република Македонија донесе заклучок финансиските средства потребни за реализација на овој проект да се обезбедат од KfW банка – Германија. Законот за гаранција на Република Македонија беше усвоен од Собранието на Република Македонија. Со ова, АД ЕЛЕМ ги превзема сите активности за почеток на реализација на Проектот.
Обезбедувајќи иницијатива за нови инвестиции за употреба на достапна ветерна енергија, како обновлив извор на енергија, Регулаторната Комисија за Енергија на Република Македонија, донесе Одлука за одредување на повластена тарифа за продажба на произведена електрична енергија и доставена од ветерниците, која е одредена да изнесува 8,9 €cents/kWh. Привилегираниот произведувач е под обврска да користи привилегирана тарифа во период од 20 години.
Земајќи ги во предвид достапните фианансиски ресурси, беше договорено паркот на ветерни електрани да се инсталира во две фази: првата фаза со 36.8 MW и нето годишното производство од 90 GWh и втората фаза со останатите 13.8 MW и дополнително нето производство од 33 GWh. Шемата за паркот на ветерни електрани се состои од вкупно 22 WECs кои се наредени во една линија, до највисокиот дел на гребенот. Во првата фаза, треба да се постават 16 ветерни турбини од околу 80-95 метри дијаметар на секој ротор. Шемата е прикажана на следниот начин:
2 Comments
Pingback: Фотоволтаични централи во БиХ
Pingback: ТЕ Мариово – исплатлив проект и зошто не? | Mishevski