17 Годишната тинејџерка Британи Телфорд од Нов Зеланд доби шанса да му каже на лидерите на светот што таа мисли за климатските промени. Британи ја доби својата шанса пред речиси 130 светски лидери на самитот за планетата земја кој се одржа во Рио ( Rio+20 earth summit ). Нејзиниот говор беше и уводен говор со кој го отвори самитот кој ќе се одвива во наредните денови. За повеќето говорот беше умерен, со јасна и силна порака до сите светски лидери: Преземете нешто! Таа го започна својот говор со неколку реченици кои ја нагласуваат итноста за преземање на чекори за справување со климатските промени како и тоа дека напросто е збунета од незаинтересираноста на светските лидери. Во продолжение во слободен превод на Македонски јазик дел од нејзиниот говор:
“Стојам пред вас со оган во своето срце. Јас сум збунета и лута за состојбата во светот и посакувам заедно да се обидеме да го промениме тоа. Ние сме тука за да го решиме проблемот што го предизвикавме како колектив, да се осигураме дека имаме иднина.
Вие и вашите влади дадовте ветување дека ќе ја намалите сиромаштијата и дека при тоа ќе ја зачувате околината. Вие веќе дадовте ветување дека ќе се борите против климатските промени, ќе обезбедите пристап до чиста вода и доволно храна за секого. Мулти националните корпорации веќе се обврзаа да ја почитуваат околината, да го озеленат своето производство, да компензираат за своето загадување. Сепак, иако овие ветувања беа направени, нашата иднина е сеуште во опасност.
Сите сме свесни дека часовникот брзо одчукува и дека времето забрзано тече. Имате 72 часа да одлучите за судбината на вашите деца, на моите деца, за децата на моите деца. ”
Ова е само еден дел од говорот на Британи Телфорд кој требаше да биди еден вид будење за светските лидери и за значењето на одлуките кои ќе се донесат на овој самит. Сличен говор одржа и тинејеџерката Severn Suzuki за време на самитот за земјата кој се одржа исто во Рио во 1992 година. Нејзиниот говор е интегрално презентиран во видеото подолу