Научник од Министерството за земјоделство на САД (USAD) верува дека соларните и ветерните системи за производство на електрична енергија можат да се прилагодат, со цел да се надополнуваат едни со други.
Во студија на Земјоделскиот истражувачки центар, агроинженерот Брајан Вик од истражувачкиот оддел за обновлива енергија и управување на отпад во Бушленд, Тексас, вели дека користењето на сончевата енергија за време на мирни денови и ветрот за време на ноќите би требало да помогне во надминување на недостатоците на двата извори на оновлива енергија:
Вик откри дека во делови на Тексас и Калифорнија постои скоро целосно несогласување меѓу призводството на енергија од ветер и максималната побарувачка за струја во период од 24 часа. На овие места, на висина на современите ветри турбини, ветровите се најслаби околу пладне, во време на најголема побарувачка на електрична енергија. Во Тексас има и неусогласеност со годишните времиња, бидејќи ветровите се најслаби во лето, кога и побарувачката е најоглема. Но, сончевите зраци се најинтензивни околу пладне и во лето.
Во САД, Тексас е на прво место меѓу сојузните држави за производство на струја од ветерна енергија, додека Калифорнија е водечка во поглед на соларна енергија.
Најефикасен систем за складирање на енергија е оној кај соларните термоцентрали, каде сончевата топлина се користи за загревање на вода или други течности. Течностите се одржуваат загреани долго откако сонцето ќе зајде, спремни за покасно да произведат пареа која генерира струја.
Вишокот на електрична енергија произведена од ветерните турбини во текот на ноќта може да се пушти во мрежата и да биде примена од постројки за складирање, за потоа да биде вратена во текот на денот, кога одговара на потребите на потрошувачите.
За понатаму, Вик и колегите најавуваат и тестирање на ветерно-биодизел хибриден систем.
Преземено од domesticfuel.com