Новата напредна технологија овозможува хибридните автомобили да потрошувачка на гориво помала и од 4 литри на 100 километри, а за електричните автомобили капацитетот на батериите овозможува автономија на движење еквивалентна на потрошувачка од 2l/100km.
Но, не мора да купувате некој скап нов автомобил за да ја намалите потрошувачката. Секој кој обрнува барем малку внимание на гумите, без разлика какво возило вози, забележува значително подобрување на потрошувачката.
-Изборот на правилни гуми може да биде важно за ефикасноста на возилото подеднакво како и изборот на самото возило. Во нашето искуство со тестирање на гуми кај хибриди, забелжавме разлика од 10% меѓу најдобрите и најлошите – вели Вуди Роџерс, експерт за гуми, кој заедно со неговите колеги постојано ги ставаат на тест сите можни видови на пневматици.
Еден од клучните фактори е триење при вртење или отпор при вртење. Според дефиницијата на американското Министерство за енергија, триење при вртење претставува паразитска енергија која гумата ја троши додека се тркала под товар. Оваа појава е многу комплексна и не е лесно прецизно да се одреди нејзиното влијание на потрошувачката, пред сè затоа што зависи и од условите на патот. Сепак, според некои проценки, меѓу 5 и 15% од потрошувачката на гориво кај патничките автомобили отпаѓа на совладување на триењето. Кај товарните возила таа бројка се движи од 15 до 30%.
Па, како тогаш да ја одберете најобрата гума за важето возило? Како за почеток, ако не сте доволно информирани за тоа какви модели на гуми постојат, користете ја онаа што производителот на вашиот автомобил ја поставил. Впрочем, тие ги извршиле тестирањата во ваше име. Сигурно тоа не се најдобрите гуми на светот, но се доволно блиску, ако се земе предвид дека цената на гумите влијае и на крајната цена на автомобилот. Но, денес скоро сите производители на пневматици имаат дизајнирано барем неколку модели на гуми кои носат предзнак „fuel saving“ или „energy efficient“, и тоа во зимска и во летна варијанта. Спред Роџерс, треба да се обрне внимание и на овие фактори, но и на трошењето на гумите. Имено, гумите кои овозможуваат мал коефициент на триење побрзо и се трошат, а и полошо лежат на влажен пат отколку обичните гуми, па неопходно е да се направи некој компромис при изорот.
И секако, тука е цената на чинење на овие гуми, според која се проценува дали се исплаќа инвестирањето во нив или не. Според Роџерс, сè уште сме далеку од тоа да имаме многу ефикасни гуми за многу ниска цена. И покрај тоа, голем број на институции кои се занимаваат со оваа тема уверуваат дека и со денешните високи цени на гумите со низок коефициент на триење, почетната инвестиција во нови ефикасни пневматици се исплаќа преку заштеда на гориво. И секако, наједноставниот метод на заштеда на гориво имајќи ги предвид гумите е редовна проверка на притисокот, барем еднаш месечно. Недоволно напумпани и лошо балансирани гуми значително можат да ја зголемата потрошувачката на гориво.