Цената на електричната енергија неизбежно ќе расте насекаде во светот како резултат на сè поголемата побарувачка, а сè помалите резерви на фосилни горива кои сè уште се главен извор на електрична енергија. Затоа сè поголем број на влади, организации и компании се вклучуваат во глобалниот тренд на промовирање на заштеда на електрична енергија и енергетска ефикасност.
Неодамна во просториите на Шнајдер Електрик (Schneider Electric) во Скопје беше одржана презентација на тема „Справување со енергетските предизвици преку решенија за Енергетска Ефикасност“. Со презентацијата беа опфатени основните начела на концептот на енергетска ефикасност, најголемите потрошувачи на електрична енергија, а со тоа и загадувачи на воздухот, како и решенијата кои Шнајдер Електрик ги предлага за заштеда на енергија во домот и во индустријата и истовремено намалување на емисиите на штетни гасови во атмосферата.
Инаку, Шнајдер Електрик е една од најголемите компании од областа на електрична опрема во светот, со преку 120 000 вработени на глобално ниво. Во врска со презентацијата, разговаравме со Игор Новевски, проект менаџер во Шнајдер Електрик Македонија, воедно и човекот кој ја водеше презентацијата.
Кажете нѝ нешто за компанијата, како таа придонесува во заштедата на енергија?
-Како глобален специјалист за управување со енергија, Шнајдер Електрик е присутен во повеќе од 100 земји ширум светот. Нуди интегрирани решенија кои ја прават енергијата побезбедна, сигурна и ефикасна. Истовремено, компанијата за своите истражувачки и развијни центри одвојува околу 4% од остварениот профит и е интензивно посветена на денешните предизвици, во изнаоѓање на поефикасни решенија за енергетска ефикасност.
Колку време сте присутни во Македонија?
-Во Македонија сме присутни повеќе од шест години, на ниво на канцеларија за техничка поддршка на нашите клиенти и маркетинг истражување.
Која беше целта на денешната презентација?
-Тенденција на канцеларијата, покрај основните активности, е да ги проследиме и имплементираме глобалните трендови и новитети на производи и решенија што Шнајдер Електрик ги нуди за различни сегменти на глобално ниво, на локално ниво.
Во таа насока, во рамките на годишните планови, беше одржана и презентацијата на тема „Справување со енергетските предизвици преку решенија за Енергетска Ефикасност“. Презентацијата беше од едукативен карактер, наменета за специјалисти од областа на проектирање и промовирање на енергетски ефикасни решенија. Имено, глобалните тенденции за зголемена побарувачка на енергија од една страна и барањата за намалување на стакленичките гасови и емисија на CO2 од друга, е наш предизвик. Во таа насока, нудиме енергетски ефикасни решенија кои придонесуваат за заштеда на енергија до 30%, краткорочно и долгорочно планирање на понуда и побарувачка на енергија.
Кои се плановите за во иднина, ќе имате ли и други презентации?
-Да, би сакал да ви најавам дека и за наредната година се планирани интересни теми за кои навремено ке ве информираме.