Брачниот пар Крстиќ од Белград донесе одлука да направи природна куќа на падините на Фрушка Гора во општина Ириг. Каков вид на градежни материјали се искористени, како се искористени…повеќе во овој текст.
Вук Крстиќ, роден во Сараево, донесе одлука да заедно со својата сопруга, изгради куќа од природни материјали. Брачниот пар Крстиќ живее и работи во Белград, но имаат голема желба да ја напуштат урбаната џунгла и да се свртат кон природниот и мирниот начин на живеење. „Сакаме да живееме во природна куќа. Модерните материјали во градежништвото не се згради и нестручно се користат“, изјави Вук Крстиќ.
Вук е по струка архитект, но тој се занимава со уметнитност – изработува гравури во бакар и керамика. Работеше во Јужноафриканска Република, а неговата сопруга, Марина, планира да се занимава со одгледување на органска храна. Освен оваа куќа, планираат да изградат уште 3 апартмани за издавање, како еден вид на рурален туризам.
Куќата во основа има околу 56 метри квадратни, односно околу 90 метри квадратни бруто. Со проектот се предвидени две етажи: приземје и поткровје.
Материјалите кој што се користени за изградба на овој објект се сосема природни и се:
- Црниот бор од Мокра Гора
- Слама како изолатор
- Трска
- Јута
- Кал
Бетонот е искористен за поставување на темели. Ѕидовите во кујната и во купатилото се ѕидани со тула, за поставување на потребната инфраструктура. Носечкиот материјал е црн бор. Дебелината на ѕидовите изнесува 50 cm, а на сламата како изолатор отпаѓа 45 cm. Сламата е балирана во цврсти бали, за да објектот има статичка стабилност. Меѓукатната конструкција е од дрвени штици поставени на носечки дрвени греди.
Покривот на куќата е направен од штици, на која што е поставена тер-трака како еден вид на хидроизолација. Финалниот слој е од трска. Нагибот на покривот изнесува 45°. Вкупната дебелина на покривот изнесува 30 cm.
Како што рековме, ѕидовите на куќата се исполнети со слама. Проблемот беше како сето тоа добро да се затвори со користење на природни материјали. Решението беше едноставно – со користење на вреќи направени од јута и со кал. Дрвото кое што е користено во текот на градењето е премачкано со масло од лан како еден вид на заштита.
Сите прозорци и врати се направени од дрво а предниот дел на куќата во текот на зимата ќе биде застаклен за пасивно користење на сончевата енергија. Исто така сопствениците планираат поставување на сончеви колектори за добивање на топла санитарна вода.
Повеќе детали за куќата на следниот линк
Извор а текстот и фотографиите: efkasnost.org