Затворениците, кои што ја отслужуваат својата затворската казна во бразилската држава Минас Хераису, имаат можност да ја намалат својата затворска казна – произведуваат електрична енергија со возење на велосипед. Со возењето на велосипеди, затворениците го напојуваат акумулаторот, кој што ги напојува уличните светилки поставени на локалниот кеј покрај реката која што поминува низ градот Санта Рика до Сапукаи. Тридневното возење на велосипед по 8 часа, ја намалува затворската казна за еден ден.
Но основната цел на овој проект, имплементиран во оваа држава, не е производство на струја, веќе намалување на рецидивизмот помеѓу осудениците.
„Порано по цел ден седевме во своите ќелии, дури и сонцето не го гледавме„ – изјави Роналдо да Силва (38) кој што ја служи својата 5,5 годишна казна поради ограбување на пекара. „Денес сме скоро 8 часови на свеж воздух, произведуваме струја и во исто време ја освојуваме нашата слобода„. Силва веќе ја намали својата казна за 20 дена, но во исто време ја намали својата телесната маса за 4 килограми. Тој со своите колеги „велосипедисти„ секој ден се качува на својот велосипед во 9 и го вози се до 17 часа со пауза за ручек.
Во моментот се возат само 4 велосипеди, од страна на 8 затвореници. Велосипедите се донација од страна на локалното комунално претпријатие, локалните инженери ги трансформираа овие велосипеди во мини генератори на електрична енергија, а локалниoт бизнис сектор донира трансформатор од 110 волти.
Според Хилсон Рафаел Силва, управителот на локалниот затвор, целта е да се набават уште велосипеди за да се обезбеди доволно електрична енергија со која што ќе се напојуваат сите 34 улични светилки. „Луѓето кои што се на самиот раб на општеството, не само што допринесуваат кон локалната заедница, во исто време си ја враќаат самодовербата„