Во последните неколку години, земјите од Европската Унија вложуваат значителни напори и средства за развој и популаризирање на алтернативни горива. Во 2005 година европскиот комесар за енергија, г. Андрис Пиебалгс, презентираше план од 20 точки за фокусирање кон високите цени на нафтата. Меѓу петте усвоени се: редукција на потребите од енергија; зголемена транспарентност и предвидливост на пазарот на нафта (отворен енергетски дијалог со ОРЕК, Русија и Норвешка, како и одржување на форум за фосилни горива, за прв пат); зголемување на испораките на нафта и гас, ефикасна реакција при вонредни ситуации со резервите на нафта и зголемено потпирањето врз други видови енергија.
Производството на биодизел е само еден сегмент во проектот за алтернативни горива од обновлива суровина, којшто во моментот е многу битен и актуелен. Биодизел, по дефиниција, е гориво добиено од маслото на маслодајни растенија (маслодајна репка, соја, маслодајна палма, шафраника, сончоглед и др.) и вообичаено се обележува како Б100 или во смеса со минерален дизел како Б30, Б20, Б5 или Б2. Предностите на ова гориво заслужуваат посебно внимание.
Се поставува прашањето: зошто токму биодизел добиен од растителни масла како замена за нафтата и нејзините деривати? Постојат повеќе причини:
Биодизелот добиен од растителните масла воопшто не испушта сулфати во околната средина, што значи не врши никакво загадување со сулфур и сулфурни оксиди. Исто така, ова гориво испушта за 78,5% помалку С02 од обичните горива;
Голема предност е тоа што не е потребно или се вршат минимални преправки на моторот за да можат автомобилите да се движат на биодизел;
Добивањето гориво од земјоделските култури е добро затоа што на тој начин се унапредува земјоделството, а споредните производи што притоа се добиваат од земјоделските култури може да се искористат како добиточна храна;
Цената на биодизелот е слична со цената на обичниот дизел, која пак постојано расте. Така, ако до пред само 4-5 години беше 38 ден/л, сега а веќе 75 ден/л. Со соодветна помош од страна на владата, преку субвенции, како што е во другите европски земји, цената на биодизелот станува поконкурентна.
Биодизелот е дефиниран како моноалкил естер на масните киселини добиени од растителни масла. Естерификацијата на растителното масло со метанолот во однос 9:1 во присуство на 0,5 до 1% NaOH како катализатор се врши на температура од 50-80° С под нормален притисок во резервоар при постојано мешање. Глицеринот од молекулот на растителното масло се заменува со три молекули метанол. Како резултат од естерификацијата се добива гориво со мошне слични перформанси со обичниот дизел кое без проблеми може да се користи во сите автомобилски дизел-мотори. Како спореден производ се добива глицерин кој има примена во хемиската индустрија.
Пример: 1 I семе маслодајна репка
ќуспе 0,58 I
рафинирано 0,04 I
масло
глицерин 0,04 I
0,4 ГАМЕ (fatty acid methyl ester) /0,88 д/т1
Густина (околу) 4501 биодизел
Доколку се произведува за сопствени потреби (земјоделски стопанства), производните капацитети се мали (просечно од 24 до 60 тони биодизел/годишно). Кога се работи за производство за продажба на поширок пазар, капацитетите се значително поголеми.
Серија на табеларни пресметки се потребни за да помогнат во согледувањето на трошоците при производство на биодизел на фарма. Позначајни се:
• планираната големина на преработувачкиот капацитет (литри произведен биодизел/годишно);
• трошоци за подигање на преработувачкиот капацитет (зграда, преса, процесор и др.);
• оперативни трошоци за преработувачкиот капацитет (работна сила, административни трошоци, осигурување, данок на имот и сл.);
• влезни трошоци при процесот;
• очекувана мешавина дизел – биодизел што ќе се користи на фармата (на пр. 20%, 50% или 100%);
• очекуван принос од маслодајни култури.
Извор: Моја земја