Повеќето од механичката енергија која ја има во изобилие е осцилаторна и нерамномерна што го прави мошне тежок процесот на искористување на истата. До скоро повеќето апликации кои можеа да претворат механичко осцилаторна енергија се со мала моќност и беа во опсегот на миливати. Сепак професорот Lei Zou од Њујоркшиот Stony Brook University има развиено прототип на уред којшто ги конвертира механичките осцилации на железничките шини предизвикани од возовите кои ги користат. Се работи за еден вид на регеренативен уред кој импулсите/вибрациите ги конвертира во електрична енергија која потоа може да се користи за напојување на железничка инсфрастуктура како што се сигнални табли, мониторинг уреди, светла.
Кога професорот Lei Zou го дизајнираше уредот пред се мислел за негова употреба на далечни места кои се вон дофат на електричната мрежа, каде што нема економска оправданост за градење на истата а во исто време има потреба за електрична енергија од страна на железницата. Нивниот уред (Mechanical Motion Rectifier based Railroad Energy Harvester) е со механичка ефикасност од 55 до 75 проценти што се смета за доста солиден степен на ефикасност ако се земи во предвид видот на енергија која ја собира и специфичните услови кои владеат на железницата.
Со оглед дека Америка ја има најдолгата железничка мрежа во светот; 140,700 милји од кои голем дел поминуваат во ненаселени подрачја јасно е зошто на властите им е битно да изнајдат евтин и доверлив начин за снабдување за потребите на железничката инфраструктрура со електрична енергија. Уредот на професорот Lei Zou би требало да биди се она на што тие се надеваа. Математиката вели дека само ако во државата Њујорк се инсталираат 10. 000 вакви единци, секоја со моќност од по 20 вати би се заштедило по пола милион долари секоја година. За својата работа на овој проект професорот заедно со својот тим ја доби престижна награда “Best Application of Energy Harvesting”