Прозорите претставуваат најдинамичен дел од екстериерот на станбениот објект (или кој било градежен објект), кој истовремено делува и како приемник кој ја пропушта сончевата енергија во просторот и како заштита од надворешните влијанија и топлотните загуби.
Загубите низ прозорците се делат на трансмисиски загуби и загуби поради вентилацијата или проветрувањето. Ако ги собереме овие загуби, вкупните загуби на топлината низ прозорците претставуваат повеќе од 50% од загуби на топлината од објектот. Топлинските загуби низ прозорците се обично десет или дури и повеќе од 10 пати поголеми од топлинските загуби низ ѕидовите. Поради овој факт, можеме да заклучиме колку е важно да имаме енергетски ефикасни прозорци.
Кај прозорците како и кај сите надворешни делови на зградите, важна улога има коефициентот на пренос на топлината изразен во W/m2K (ват/квадратен метер). Коефициентот кај старите градби изнесува 3,00-3,50 W/m2K и повеќе.
Европската легислатива предвидува сѐ пониски и пониски вредности и тие сега се движат помеѓу 1,40-1,80 W/m2K. Во модерните нискоенергетски и пасивни куќи, овој коефициент се движи помеѓу 0,80-1,10 W/m2 К.
Значи, за да се дојде до заштеда на топлинската енергија, прозорскиот профил, без оглед од каков вид на материјал е направен, мора: добро да дихтува, едноставно да се отвора и да има низок коефициент на пренос на топлината.