Од 16 до 18 мај, во Скопје, за прв пат ќе се одржи студентска конференција на тема „Енергетска ефикасност и одржлив развој“. Конференцијата е организирана под покровителство на Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје (ФЕИТ), во соработка со интернационалната студентска организација ИАЕСТЕ Македонија.
Енергетската ефикасност и одржливиот развој се две светски актуелни прашања на кои активно се работи и во Македонија и во светот. Целта на оваа конференција е на едно место да ги обедини студентите, професориите и компаниите кои се занимаваат со проблематиката на енергетската ефикасност и одржливиот развој, со цел да се претстави работата на истите и да се овозможи научно-истражувачка работа во оваа област.
На конференцијата може да учествуват сите студенти, додипломци и постдипломци, кои сакаат да изработат и достават труд на некоја од темите на фокус на конференцијата, професори кои се стручно се занимаваат со оваа проблематика и сите компании кои во текот на своето секојдневно работење имплементираат методи кои се поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој.
Пријавувањето се врши преку веб страната на конференцијата каде што се поставени темите на предметен фокус на конференцијата, како и упатство и насоки за пишување на трудовите. Рокот за пријавување е до 5.4.2013.
Учествувај и ти на Првата студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“!
За подетални информации и пријавување, посетете ја веб страната на конференцијата www.iaeste.org.mk/skeeor.
2 Comments
Jelza
Me interesira dali i studentite od Masinskiot fakultet koi se na smer Energetika i Ekologija ke bidat pokaneti na konferencijava da dadat svoj pridones koj veruvam deka ke bide korisen i uspesen.
Pingback: Student Conference “Energy Efficiency and Sustainable Development” | Center for Sustainability and Aadvanced Education