Во моментот се смета дека речиси шест проценти од вкупната земјина површина е прекриена со мочуришта. Истражувачите од Холандскиот Универзитет Вагениген се убедени дека можат дел од тие подрачја да ги претворат во извор на чиста и и онбовлива енерргија. Докторите на науки Марџолеин Хелдер и Дејвид Стирк се тие кои се подпишани позади овој проект а и кои патем на основа на своето истражување формираа т.н. spin-off компанија која работи на комерцијализација на нивната иновација. Нивната убеденост во нивната метода оди дотаму што тврдат дека од еден типичен зелен покрив би можеле да произведат електрична енергија доволна за задоволување на потребите за едно домаќинство.
За разлика од производството на биогас каде првенствено мора да се створат услови за ферментација на биомасата со помош на дигестор, овие органски ќелии (Plant-Microbial Fuel Cells) произведуваат електрична енергија без притоа да имаат потреба од посебни услови освен природните а и не влијаат на ниеден начин врз растењето и равојот на растенијата. Принципот на работа на оваа технологија е доста едноставен и применлив. Сите растенија произведуваат органска материја со помош на фотосинтеза, добар дел од таа материја (70%) преку коренот се ослободува во почвата. Бактериите кои се наоѓаат околу корењата вршат разлагање на органските материјали. Таквиот процес на деградација на органските материи кои коренот ги ослободува создава услови за ослободување на електрони. Знаејќи го ова истражувачите се што направија се електроди кои се поставени непосредно до бактеријата како полесно би ги собирале електроните кои при целиот тој процес се ослободуваат. Мора да се спомене дека електроните кои се ослободуваат би биле изгубени во почвата и доаѓаат како еден вид на нус-продукт од процесот на растење на растенијата.
Покривот на Холандскиот институт за екологија е местото каде за прв пат е тестирана вон лабораториски услови оваа технологија. Иако на почеток од зелениот покрив успеаа да извадат само 0.4 вати по метар квадратен истражувачите се убедени дека со мали подобрувања можат да извадат 3.2 вати по метар квадратен. За пример ако земиме домаќинство кое има т.н. зелен покрив кој е околу 100 м2 би можело да се произведат 2800 киловатчаса електрична енергија на годишно ниво.
Истражувачите планираат првите постројки да бидат во комерцијална употреба веќе наредните неколку години, додека големи потсројки за производство од големи мочуришни површини да има после 2015 година. Технологијата работи со разни видови на растенија, вклучително и со трева и оризови полиња. Друга битна работа е тоа што со помош на оваа технологија може да се проиведува струја независно дали е дење или ноќе, по речиси секакви временски услов, нешто што е лимит за многу технологии за производство на електрична енергија.
Добар пример што може да се направи во Македонија е ако се земат површините насадени со ориз кои изнесуваат околу 4800 хектари во 2012 година. Ако се конвертираат во метри и се помножат со 3.2 вати по метар квадратен доаѓа дека во Македонија имаме потенцијал за добивање на околу 150 мегаватчасови електрична енергија на годишно ниво. Се разбира ова е базирано на теорија и мора да се почека да се развијат комерцијално применливи системи и да видиме како тоа би изгледало кај нас.