Алгите се фотосинтетски организми кои брзо растат е се многу отпорни, и сè додека имаат доволно светлина, вода и јаглерод диоксид, тие можат да си произведат храна и да преживеат и виреат во услови во какви другите растенија не можат.
Но, сега е откриен уште еден трик за преживување кој го користат алгите. Имено, во околина со ниско ниво на CO2 алгите развиваат способност да ја разложат целулозата што потекнува од другите растенија и да ги искористи добиените шеќери за енергија.
-Ова е првпат да забележиме вакво однесување кај раститителен организам – вели проф. Олаф Крус од Универзитетот во Билифелд, Германија.
Претходно, само црвите, бактериите и габите ја демонстрирале способноста за разградување на целулозата и употреба на јаглеродот во неа за раст и опстанок.
-Она што сега го забележуваме, дека алгите можат да користат целулоза се коси со сè она што го имаме во учебниците. Практично, ова претставува растение што се храни со растенија – продолжува проф. Крус.
Во серија експерименти, проф. Крус и неговиот истражувачки тим одгледувале алги од видот Chlamydomonas reinhardtii и притоа ги изложувале на атмосфера со ниски концентрации на јаглерод диоксид. Тие забележале дека во вакви услови, алгите излачуваат целулозни ензими кои можат да ја разградат целулозата на помали компоненти-шеќери, со што нив ги претвора во извор на енергија за алгите. Професорот и останатите членови на тимот сега се обидуваат да проверат дали ова се случува и кај останатите видови алги, а првичните резултати покажуваат дека е така.
Способноста на алгите за разложување на целулозата може да биде многу интересна за биоенергетскиот сектор. Разложувањето на целулозата е еден од најважните чекори во производството на биогорива, но и еден од најтешките.
Моментално најголемиот дел на целулозни ензими се добиваат со екстракција од габи. Меѓутоа, алгите можат да бидат поевтин извор бидејќи е нивното одгледување е многу полесно. Всушност, како што покажале испитувањата, можеби е идеално за алгите да има недостаток на извор на јаглерод, ако сакаме да ги користиме како извор на целулозни ензими за производство на биогориво.