Капацитетот на електраните кои работат на геотермална енергија на глобално ниво достигнал 11224 MW инсталирана моќност. Интересно е што иако Исланд како земја е препознатлив токму по максималното искористување на подземната топла вода, во апсолутни бројки САД се водечка земја во светот, со 3187 MW.
-Охрабрувачки е да се види толку голем и распространет раст на употребата на геотермалната енергија, бидејќи оваа енергија навистина има потенцијал да го замени јагленот и другите необновливи извори – вели Карл Гавел, извршен директор на Асоцијацијата за геотермална енергија.
Гавел исто така е раководител и на трговска асоцијација на американски компании кои ја поддржуваат зголемената употреба на геотермална енергија на глобално ниво. Неодамна тие објавија извештај за движењата во сферата на геотермалната енергија во светски рамки.
Во извештајот се наведува дека зголемениот интерес за геотермална енергија за периодот 2011-2012 година се должи на повеќе фактори, пред сè на економскиот раст, подобрување на технологијата и зголемување на безбедноста, како и на поволните национални политики во повеќе земји во однос на обновливите извори на енергија.
Според извештајот, иако САД и понатаму остануваат водечка земја во светот, непредвидливите и променливи владини политики го успориле растот, при што периодот во кој владата дава даночни олеснувања за сопствениците на вакви енергетски капацитети истекува во 2013. Од останатите земји, во извештајот посебно се наведени Турција, Кенија и Индонезија како земји кои покажуваат најголем потенцијал за раст на искористеноста на геотермалната енергија во иднина, при што се истакнува Турција со потенцијал од 2000 MW.
Каде стоиме ние во овој извештај? За жал нигде. Ни на дното. И покрај тоа што Македонија спаѓа во географска зона која има висок потенцијал за искористување на геотермалната енергија, и покрај олеснувањата што какви-такви ги нуди владата за искористување на обновливи извори на енергија, освен некои минимални обиди за загревање на оранжерии, кај нас со години нема апсолутно никаков напредок на ова поле.
5 Comments
goce1985
Па кај нас можи да се направи оваа во селото косел што е кај охрид
Devil
Беше испробано пред подолго време, пред влезот во охрид беа направени тест пластеници кој би требало да се загреваат со оваа вода, системот работеше првите неколку години одлично, но поради не доволно разгледување на случајот настана проблем, водата која извира, поточно која беше пумпана по цевките беше многу збогатена со минерали што доведуваше до често насобирање на ѕидовите од цевките па и нивно затнување. Поради ова проектот беше откажан, мислам дека подоцна се обидуваа да вградат филтри на цевките, ама мислам дека не успеа ништо поголемо да постигнат и тоа пропадна. тоа мора добро да се испланира и да се испита што точно има во водата и како да се работи со неа, инаку би било добро да се искористи.
goce1985
не не некој техношки проблем некоја таложења што се прават во цевката како што кажа треба испитување особено и за тој гас што се ослободува мислам дека е гас кој можи да гори
Devil
незнам за тоа со гасот, не можам да зборувам, знам дека ги имаа проблемите со таложењата
незнам ни која е температурата на водата која ај пумпаа, но можат (се разбира доколку е доволно висока) во затворена цевка да пумпаат вода и таа во да во цевката да ја загреваат, а не да испумпуваат од „збогатената“ вода 🙂
kocov
pa vaka funkconirat eden kup na centrali na yewolston vo amerika ne loso i kaj nas da se pocni istrazuvanje za ovaa