Производите од експандиран полистирен EPS можат да се карактеризираат како топлинско-изолациони материјали , додека пак сите производи од камена волна се дефинираат како производи за: топлинкса, звучна и противпожарна заштита.
Кои се разликите помеѓу изолацискиот материјал ЕРЅ и камената волна во поглед на составот?
Заеднички својства: приближно еднакви вредности на коефициентите на топлнска спроводливост λ (W/mK).
Предност на ЕРЅ над камената волна е тоа што е поефтин, полесен и побрз за обработка.
Кои се предностите на камената волна (ламели Knauf Insulation и плочи Knauf Insulation FKD-S)?
Својства: | Објаснување: Својството со кое се постигнува премин на вишокот на водена пареа и влага од внатрешниот простор и градежните делови со што се постигнува значително подобра, поквалитетна и поздрава микроклима на внатрешниот простор( посиска релативна влажност на внатрешниот простор). |
Пропустливост | Техичките просписи за рационалната употреба на енергија и топлинска заштита во зградите (NN 110/08) прикажува дека EPS е 60 пати помалку пропустлив во однос на пареата отколку минералната волна. Тоа е и една од главните и основните причини поради која се јавува забрзан развој на повеќе пареопропусни производи од ЕРЅ (на пример Open plus“ составот). |
Заштита од пожари | Производите од камена волна спаѓаат во класата на А –горивост односно се карактеризираат како негориви материјали, додека производите од ЕРЅ кои спаѓаат во класа Е.Овие два материјали се опишуваат како самогасиви, но доколку се карактеризираат како такви, тогаш тоа воедно не значи дека и не горат. Во текот на горењето добро е познато дека ЕРЅ материјалот испушта доста отровни гасови (плинови) кои во случај на пожар можат лесно да предизивикаат гушење и труење на корисниците кои живеат во објектите. Баш поради оваа причина многу од Европските земји во своите противпожарни регулативи налагаат кај објектите кои се изолирани со помош на EРЅ над отворот по сецлата површина на зградата во висина од 1 метар мора да се изведат појаси од материјал кој не гори (минерална волна). |
Звучна заштита | Камената –минералната волна заблагодарувајќи се на својата влакнеста структура и способност за претворање на звучна во топлинска енергија, со што тој материјал кој е во составот допринесува зголемување на звучната и изолациката моќност на градежниот дел. Во поглед на звучната заштита ЕРЅ материјалот нема значаен допринос. |
Димензионална стабилност |
Камената волна има занемарлива топлинска работа при високи и ниски односно нагли промени на температурата. Тие температури се однесуваат на 6 mm/ m/100K. Ова може да е и една од битните причини поради која се јавува и забрзано пропаѓање и пукање на фасадите изведени од ЕРЅ (особено ЕРЅ кој не е деклариран како материјал наменет за фасада). |
Отпорност на удар | Камената волна како поеластичен материјал за разлика од ЕРЅ, има далеку поголема отпорност на удар поради својата елааастичност и способност на амортизација на удирачите по површината. |
Отпор на хемикалии | Во однос на класификацијата на отпорност на хемикалии, камената волна спаѓа во отпорните материјали,а ЕРЅ во релативно-отпорните материјали. |
Отпорност на микроорганизми и штетници | Камената волна е апсолутно- отпорна и нема појава на забележани случаи на оштетувања од надворешни фактори, додека пак кај ЕРЅ во одредени случаи настанала редовна појава на оштетувања. |
Трајност | Не се кажува напразно изреката- “силен и отпорен како камен!” Не постојат опасности од прерано стареење на материјалот, негово дорбење и распаѓање, додека пак кај ЕРЅ настанува промена на задржувањето на декларираните својства. |
Статички електрицитет | Кај минералната волна е занемарлива, но во случајот на EPS е доминантна карактеристика која предизвикув зголемено привлекување на прашина што во релативно краткото време има за последица со лош естетски изглед . |
„Манипулација со квалитетот на материјалот“ | Ламелите на камената волна Tervol DP-9 LAM или плочите Tervol PTP се единствени и немаат замена со други лоши производи( немаат супститути). EPS за фасади мора да биде одлежан , мора да се произведе од нерециклиран материјал и строгоодредена густина. Како да се контролира промената на производите со полоши во квалитет супститути? Во пракса ова воглавно е многу тешко со што за последица настанува појава на неквалитетни, несертифицирани и многу ефтини производи од ЕРЅ кои на изведувачите на објекти и простори им носат брз и лесна повисока заработувачка и значително неквалитетни фасади на корисниците. |