Рециклирање, подразбира процес на преработка на отпад во основна суровина која што може да се искористи за производство на исти или некој други производи. Рециклирањето се применува во рамките на основното начело на управување на отпад – 3Р правило:
R- reduce (намалување на отпадот)
R- reuse (реупотреба)
R- recycle (рециклирање)
Рециклирање на електронски и електричен отпад има голем значај – како од технолошко техничкиот аспект, економскиот аспект и од еколошкиот аспект. Имено со рециклирањето на ЕЕ отпад се намалува загадувањето на природната средина со опасни и отровни елементи, но исто така се намалува количество на овој вид на отпад кој што мора да се одложи на депонии, со што се продолжува векот на користењето на истите и се намалува потреба за изградба на нови.
Отфрлени електронски и електрични уреди кој што се користеа во домаќинствата и во бизнис секторот, можат да се преработат во суровини кој што можат да се искористат за производство на исти уреди. Со рециклирање на ЕЕ отпад се постигнуваат големи заштеди на електрична енергија бидејќи се прескокнува дел на оној технолошки процес кој што е неопходен во преработка на природните суровини, како што е ископување на руди, преработка на нафта, флотација и слично.
Рециклирање е најзначаен вид на заштита на човековата средина, а со рециклирање се издвојуваат оние елементи, поради кој ЕЕ отпад се класифицира во опасни видови на отпад. Неправилно одложување на искористените електронски и електрични уреди можат драстично да ја загрозат животната средина бидејќи овој вид на отпад содржи помеѓу 600 и 1000 токсични компоненти. Со рециклирање на електронски и електричен отпад се добиваат вредни секундарни суровини и во исто време се прави адекватно складирање на штетни материи.
Законската легислатива го класифицира електронскиот и електричниот отпад на следниот начин:
Големи апарати за домаќинство (фрижидери, ладилници, машини за перење и сушење на алишта, машини за перење на садови, микроталасни печки, апарати за греење, бојлери, опрема за климатизација)
Мали апарати за домаќинство (правосмукалки, пегли, тостери, фритези, апарати за сушење на коса, часовници, ваги)
ИТ опрема и телекомуникациони уреди (преносни компјутери, лични компјутери, печатари, опрема за копирање, телефони, мобилни телефони, факс уреди)
Апарати за разонода (радио апарати, телевизиски апарати, видео рекордери, музички инструменти)
Опрема за осветлување (флуоресцентни светилки, натриумови светилки, класични светилки, друга опрема за осветлување)
Електрични и електронски алати (бушилици, тестери, машини за шиење, алати за косење)
Играчки и опрема за рекреација и спорт (електрични играчки, рачни конзоли за видео игри, спортска опрема со електрични или електронски компоненти, други играчки)
Медицински помоќни уреди (кардиолошки уреди, радиотераписка опрема, уреди за дијализа, апарати за анализа, апарати за ладење)
Инструменти за надзор (детектори на чад, регулатори, термостати, уреди за мерење)
Автомати (автомати за топли пијалаци, автомати за цврсти производи, банкомати, автомати за боци или лименки, покер апарати)
Иако компјутерите и слични уреди на прв поглед не делуваат како претерано опасен отпад, тие содржат различни материјали, вклучувајќи ги тешките метали, кој што можат да имаат озбилни еколошки и здравствени последици доколку не се одложат и рециклираат на адекватен начин. Електронскиот отпад содржи помеѓу 600 и 1000 различни хемиски супстанци кој што можат да го загрозат здравјето и животната средина, како што се: олово, жива, хром, кадмиум, берилиум, бариум…..
ПВЦ пластика е најчесто користена пластика. Доколку гори се создава диоксин кој што може да предизвика хормонални пореметувања, оштетување на фетусот, на репродуктивните органи и слично.
Олово – може да предизвика пореметување на мозокот, нервите, бубрезите (малигни тумори).
Шестовалентен хром – се користи како заштита од корозија и како украс или зацврстување на куќиштата. Може да предизвика оштетување на ДНК и да предизвика различни алергии.
ПЦВ (полихлорин бифелин) – може да ги оштети нервите, репродуктивните органи, да го оштети црниот дроб. Се користи во трансформаторите и кондензаторите. Иако е забранет се уште може да се најди во ее отпад.
Кадмиум – може да ги оштети бубрезите, да предизвика канцер на простатата и на белите дробови. Според Меѓународната агенција за истражување на канцерот, кадмиумот е класифициран во група на хумани канцерогени материи.
Бариум – метал кој што се користи во CRT монитори. Може да предизвика отштетување на мозокот, срцето, слезината и дробот.
Берилиум – метал кој што се користи во матичните плочи. Од скоро е класифициран како канцероген бидејќи предизвикува канцер на белите дробови.
Извор: www.zerowaste.rs
2 Comments
Dejan
Ovaa tema ja obrabotivme zaedno so uste nekolku organizacii, pod vodstvo na Metamorfozis.
https://mk.bewman.eu/
na web stranata kje najdete mnogu povekje informacii povrzani so elektricniot i elektronskiot otpad posebno za Makedonija. Isto taka ima i celosno istrazuvanje napraveno za celiot region za proizveduvawe i upravuvawe so El. otpad.
Pozdrav
Pingback: Looking for citizen solutions: First UN social innovation challenge in fYR Macedonia | Voices from Eurasia - We help build better lives.