Се поголем број на произведени и на инсталирани сончеви фотонапонски системи не само кај нас туку и во целиот свет радува, но од друга страна се поставува прашање што да се прави со овие уреди од кога ќе им помине векот на користење, или пак доколку поради расипувањата станат неупотребливи за користење? Првин да видиме од што се составени фотонапонските модули. Овие уреди содржат материјали како што се стакло, алуминиум, силициум, галиум и селен, кој што можат да се искористат. Фотонапонските модули се користат и до 25 години, а првите поголеми инсталации се поставени во текот на деведесеттите години на минатиот век, така да првите поголеми количества на искористени модули ќе се појават за околу десет години.
PV CYCLE
Во Европската Унија, рециклирањето на фотонапонските модули е решено по пат на здружението PV CYCLE. Основната задача на оваа здружение е обврзување на индустријата која што ги произведува фотонапоснките модули да го организира откупот и рециклирањето по истекот на нивниот животен век. PV CYCLE е финансиран од страна на европските производителите на фотонапонските модули како и од страна на увозниците на овие производи. Од 2007 година од кога почна со работењето, број на членовите порасна од иницијалните 27 на 236 членови во 2011 година. Досега здружението презеде повеќе од 5000 тони на истрошени модули. PV CYCLE ги собира модулите во сите држави членки на ЕУ, како и од држави кој што не се членки на оваа онија како што се Швајцарија, Исланд и Норвешка.
Доколку се работи за помали количества на фотонапонски модули, праксата на PV CYCLE е упатување на локалниот откупувач на овие модули. Сите откупувачи на овие производи можат да се најдат на сајтот на здружението www.pvcycle.org. Доколку се работи за поголеми количества, тогаш здружението директно стапува во контакт за да се договори распоредот на собирањето, а еден од партнерите на здружението доаѓа по модулите.