Во енергетскиот сектор на југоисточна Европа треба да се вложи 33,8 милијарди евра до 2020 година, за да се избегнат рестрикциите на електричната енергија. Со овие вложувања, ќе се оневозможат потенцијалната опасност да регионот на југоисточна Европа остани во темница, оцени маркетинг директорот на најголемата компанија за трговија на електрична енергија во југоисточна Европа „ Energy Financing Team” David Surtees.
Според него, во регионот треба да се изгради најмалку 12.100 MW на нови термоелектрани, 3.000 MW на нови хидроелектрани и 1.400 MW на нови капацитети од обновливи извори на енергија.
Тоа значи да секој жител на југоисточна Европа треба во просек да издвои 47,5 евра само за инвестиции во нови енергетски капацитети во наредните 10 години.
„Очекуваме да побарувачката на електричната енергија до 2020 година расти по стапка од 2,2% на годишен ниво„ изјави David Surtees. Исто така според него, во случај да земјите од југоисточна Европа влезат во ЕУ тие ќе морат да ги угасат старите и неефикасните термоелектрани, што дополнително ќе ја зголеми побарувачката на електричната енергија. До 2020 година ќе бидат згаснати 3.200 MW на стари неефикасни капацитети.
Во 2020 година земјите во регионот потрошиле 282,25 TWh на електрична енергија. Од тоа 55% беше произведено во термоелектрани, 27% во хидроелектрани, 16% во нуклеарни електрани и 1% од обновливи извори на енергија. Регионот увезе само 0,25 TWh електрична енергија, пред се поради падот на индустриското производство во 2009 година и поради бавниот економскиот раст во 2010 година.
Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина се единствените земји кои произведуваат вишок на електрична енергија, додека останатите земји имаат помала или поголема разлика помеѓу потрошената и произведената електрична енергија. Хрватска увезува 30% од своите потреби за електрична енергија.
Според David Surtees, монополите на државните енергетски компании, поради нивната неефикасност и ниската цена на електричната енергија, се неспособни да сами генерираат капитал за изградба на нови енергетски објекти.
Извор: Б92